Во вечерашното финале на „Вембли“ по 90 минути без голови победникот беше решен на две минути пред да се дојде до пеналите.
„Црвените“ од „Енфилд“ се освојувачи на овосезонскиот англиски Лига куп откако на финалето во Лондон по 120 минути игра го победија Челси со минимални 1:0.
Одлучувачкиот погодок беше дело на холандскиот дефанзивец Вирхил ван Дајк во 118. минута по корнерот на Цимикас. Претходно во 60-тата минута на Ван Дајк му беше поништен гол со ВАР поради офсајд.
И „Сините“ имаа поништен гол, исто со ВАР, оној на Рахим Стерлинг во 33. минута, исто така поради офсајд.
За Ливерпул ова е рекордна 10-та титула во овој куп, чие вистинско име всушност е ЕФЛ куп. „Црвените“ само 4 пати имаат загубено финале.
Челси во своето 10-ти финале го претрпе петтиот пораз, а има исто толку титули.