Вархеји: Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка за Северна Македонија

Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка. Тоа е следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување.

Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на панел дискусијата „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство“, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржува видео-конференциски од Атина.

На панелот учествуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев, заедно со премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а преку видео порака на форумот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Во споредба со минатиот октомври, сега имаме нова методологија за процесот на проширување и успеавме да донесеме одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Вархеји, додавајќи дека за Европската комисија, уште од првиот ден кога стапил на функцијата, односите со Западен Балкан се еден од највисоките приоритети.

Еврокомесарот оцени дека сите овие напори не можеа да се случат доколку Северна Македонија и Албанија не испорачаа резултати.

– Тие испорачаа и затоа за нив во пакет беше донесена одлука за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ, рече Вархеји.

Тој изрази жалење што големиот економско-инвестициски план за регионот има мало одложување поради ситуцијата со корона-кризата, но изрази надеж оти истиот ќе може да го презентира на почетокот на есента.

– Кризата со COVID-19 за жал малку ја прекина нашата работа, но сепак успеавме да обезбедиме поддршка преку инструментот за финансиска помош во износ од 3,3 милијарди евра за време на кризата и ја покажавме нашата солидарност и важноста да останеме заедно со земјите од Западен Балкан преку самитот во Загреб, каде што одржавме видео-конференција со лидерите од тој регион, посочи Вархеји.

За еврокомесарот тоа беше многу важен знак колку се посветени кон тоа Западен Балкан да стане интегрален дел од Европската Унија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе