Вејн Руни преговара со тим од МЛС лигата

Англиската ѕвезда од редовите на Евертон би можел да го напушти клубот само една сезона откако пристигна таму, а неговата следна дестинација многу веројатно ќе биде тимот на Ди Си Јунајтед од МЛС лигата, велат англиските медиуми.

Напаѓачот веќе одржал разговори со челниците на Ди Си Јунајтед, но и на Евертон, и сопствениците на клубот покажале намера да го пуштат да си оди доколку тој тоа навистина го сака.

Ако може да им се верува на спортските медиуми од Островот, Вејн Руни и Ди Си Јунајтед веќе се во поодмината фаза од преговорите и единствено што се чека е да се отвори трансфер периодот во Премиер лигата за Англичанецот и официјално да премине во американскиот клуб.

Руни пристигна во Евертон минатата сезона од редовите на Манчестер Јунајтед и во моментов е водечки стрелец на клубот од Ливерпул со 11 голови. Но, неговиот учинок е сепак далеку од оној на кој бевме навикнати до пред неколку години, кога тој ги освојуваше домашните лиги и купови, како и Лигата на шампионите.

„Постојано слушам гласини за заминување на Вејн Руни во САД или Кина, но во моментов тој се чувствува како фан на Евертон и е играч на овој клуб. Во моментов не можам да потврдам ништо, но ако тој реши да си замине од Евертон, тоа ќе биде огромна одлука во неговата кариера“,

Евертон тргнува во друга насока и во моментов личи дека Руни (32) претставува само товар за клубот со неговата огромна плата од 150.000 фунти неделно. Но најголемото прашање кое се поставува е дали Руни е подготвен да се откаже од Евертон само 12 месеци по неговото емоционално враќање во клубот од детството.

реклама

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе