Вештачката интелигенција ќе замени 200 вработени во најголемата германска издавачка куќа

Најголемата германска издавачка куќа Axel Springer, која меѓу другото го издава и таблоидот Bild, најави масовни отпуштања и делумна замена на отпуштените вработени со вештачка интелигенција, објавија денеска германските медиуми.

„Ќе мораме да се збогуваме со колегите кои досега ги извршуваа функциите кои во дигиталниот свет ги извршуваат процеси на вештачката интелигенција“, стои во интерниот мејл што менаџментот им го испратил на вработените.

Во редакцијата би можело да се укинат многу позиции поврзани со лекторирање или визуелен дизајн на страницата.

Како што јави германската новинска агенција (DPA), засега е предвидено да бидат отпуштени повеќе од 200 вработени. Раководството на Axel Springer соопшти дека целта е „социјално згрижување“ за работниците кои би останале без работа.

Отказите и зголемената употреба на вештачката интелигенција се поврзани со стратегијата за целосно свртување кон дигиталното издание на дневните весници како Bild или Die Welt и укинување на печатените изданија. Од мерките за штедење беа погодени и подрачните канцеларии на оваа издавачка куќа.

Bild е сè уште најтиражниот германски дневен весник со околу 1,1 милион отпечатени примероци. Но, во последните години, тиражот е во постојан пад. Bild во 2013 година продаде двојно повеќе печатени примероци од денес.

На крајот на 2021 година, Bild го отпушти и главниот уредник Јулиан Рајхелт поради обвинувања за злоупотреба на моќта и сексуално вознемирување на колешките, а правната битка со поранешниот уредник сè уште трае.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Read more

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе