Викенд хороскоп: Бидете внимателни со довербата

Викенд хороскопот за 16 и 17 март ни носи четврт Месечина во Близнаци во сабота, додека порамнување на Сонцето и Нептун нè очекува во недела.

Овен

Веројатно некој ќе ве изневери, па тешко ќе ги залечите раните. Сепак, ќе можете да ја согледате ситуацијата од поурамнотежена перспектива. Иако не е лесно, хороскопот вели дека ќе научите непроценлива лекција. Наместо лесно да им верувате на луѓето, следниот пат бидете повнимателни. Избегнувајте да правите комплицирани планови во недела. Следете ја вашата интуиција каде што ќе ве води. Сигурно ќе уживате во патувањето колку и во крајната дестинација.

Бик

Ако ви е премногу тешко да бидете тој што ги прави плановите, не реагирајте набрзина. Проверете дали другите можеби се повлекле затоа што мислите дека имате сè под контрола. Ако сакате поддршка од луѓето, прашајте ги отворено. В недела не им верувајте на луѓето на зборови, туку на дела, без разлика колку грубо звучи. Единственото нешто на што можете да сметате е дека работите нема да бидат како што изгледаат. Не донесувајте одлуки пред да ги истражувате информациите.

Близнаци

Важно е да го одржите зборот, но може да откриете дека сте се посветиле на повеќе активности од чиста вина. Ако сфатите дека е така, дозволете си да ги одложите или откажете плановите. Вашето време е премногу вредно за да го губите на манипулации. Посветете се на креативен проект што неодамна сте го одложиле и размислете какви промени би можеле да направите. В недела, можете да очекувате инспиративен налет. Дури и ако целта ви изгледа недостижна, ставете ја на списокот. Направете визионерска табла за да го остварите тоа.

Рак

Опуштете се во сабота бидејќи навистина ви треба тајм-аут. Додека ги полните батериите, размислете дали тековните обврски ве возбудуваат или само ве трошат. Не чувствувајте вина ако сакате да се откажете од некои обврски. Време е да излезете од рутината. Не следете однапред одреден план. Ако имате возбудлива дестинација што сакате да ја посетите, само напред.

Лав

Вие сте сила на која секој може да смета. Сепак, замислете што можете да постигнете кога ќе се здружите со моќни истомисленици. Обратете се до пријателите за помош и повратни информации. Побарајте групи каде што можете да сретнете интересни контакти. В недела избегнувајте бучни гужви и уживајте во интимното време со партнерот или едноставно препуштете се на медитација.

Девица

Дали вашите постапки се во согласност со она што го сакате? Искористете ја саботата за да проверите дали вашите долгорочни цели се реални. Иако ова може да биде отрезнувачки, не мора да биде точката каде што застанувате. Привременото повлекување може да направи многу. В недела би можеле спонтано да простите нечија навреда или да сфатите дека вашиот љубовен интерес не е толку интересен. Дозволете си да разберете што чувствувате, но не донесувајте важни одлуки до следната недела.

Вага

Искреноста не треба да ве спречи да користите дипломатски стил на комуникација. Размислете добро пред да зборувате. Оставете го да одлежи преку ноќ, а потоа преформулирајте што сакате да кажете. В недела, ставете се на прво место, особено кога станува збор за релаксација. Многу е важно да забавите и да внимавате како се чувствувате - и физички и психички. Поважно е да сте добро отколку како ќе влијаете на другите.

Скорпија

Иако сакате да бидете мистериозни, размислете дали вашата енигматска привлечност ја блокира интимноста. Нема потреба да ја разголувате душата, но и не можете да криете сè засекогаш. Кога станува збор за романса, ова е време за важни дискусии. В недела опсипете ја саканата личност со внимание и заводливи изненадувања. Ако сте слободни, обрнете внимание на оние кои ги запоставувате.

Стрелец

Колку е избалансирано давањето и земањето во вашите најблиски односи? Ако давате премногу, можеби е време да ги сопирате. Проверете дали другата страна ви возвраќа. Ако се достојни за вашето внимание, ќе се потрудат. В недела треба да се посветите на оние со кои живеете. Тие се секогаш тука за да ви го чуваат грбот, а можеби ќе ви требаат сега. Исто така, ќе ви се допадне да бидете повлечени.

Јарец

Бидете умерени во сè, Јарци. Во сабота посветете се на вашата велнес зона. Кога станува збор за исхраната, не плашете се да вклучите некои забранети намирници. Откажете ја филмската вечер и обидете се со јога или медитација. В недела би можеле да имате проблеми со комуникацијата. Пред да зборувате, запомнете го златното правило: Ако не сте сигурни каква реакција ќе предизвика, молчете.

Водолија

Дали треба да останете или да одите? Ова ќе биде тешка одлука оваа сабота. Иако копнеете по сигурност, во исто време знаете дека премногу рутина може да биде убиец на романтиката. Препуштете се на љубовните игри за да предизвикате возбуда. Ако сте сами, придружете се на група која ги споделува вашите интереси. За вас пријателството е основа на секоја трајна привлечност. Во недела би можеле да бидете емоционално ранливи, затоа избегнувајте импулсни купувања.

Риби

Внесете новитети во вашиот дом за да го направите вистинско гнездо. Ако имате совршен мебел, обидете се да ја промените положбата. В недела би можеле да ги решите проблемите со цимерите или пријателите кои ве мачат подолго време. Бидете директни бидејќи можеби не се свесни дека ја преминале границата. В недела поставете си цел и брзајте кон неа. Избегнувајте да поминувате време со непознати луѓе.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе