Високите температури ги уриваат рекордите низ Европа

Високите температури овој јануари се рекордни во многу земји низ Европа, со соборени национални рекорди за највисоки температури во осум земји.

Европа годинава бележи блага зима, дијаметрално спротивно на Северна Америка каде снежните бури во декември однесоа повеќе од 60 животи.

На европската страна на Атлантикот зимата е блага, барем на почетокот на годината.

Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Латвија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија се највисоки за зимскиот период од почетокот на водењето евиденција во тие земји.

Во главниот град на Полска во неделата беа измерени 18,9 степени Целзиусови, а во Шпанија 25,1, што е повеќе од 10 степени над просекот.

Температурата измерена во Варшава на 1 јануари била за 4 степени Целзиусови повисока од највисоката температура било кога измерена во декември, а во Белорусија се измерени 6,4 степени, за 4,5 степени повисока од претходниот рекорд.

Во Шпанија температурите измерени на новогодишната ноќ во Билбао беа еднакви на просечната температура во јули, а во Каталонија, вклучително и главниот град на таа покраина, Барселона, властите наредија штедење на водата.

Во Швајцарија температурите достигнаа 20 степени Целзиусови, а невообичаено топлото време негативно се одразува врз скијачката сезона на Алпите.

Сепак, не е топло насекаде во Европа - ниски температури и снег се предвидуваат во делови од Скандинавија, а Москва викендов ја очекуваат температури и до 20 степени под нулата.

Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Шпанија ја прогласија 2022 година за најтоплата година од почетокот на евидентирањето податоци за температурата.

Во Велика Британија секој месец минатата година беше потопол од просекот, а единствен исклучок беше декември кога снег имаше во многу делови од земјата, но и таму времето сега е поблаго и повлажно.

Топлотните бранови станаа почести и поинтензивни и траат подолго поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор.

Сепак, високите зимски температури го немаат истиот ефект како летните топлотни бранови, кои можат да предизвикаат зголемен број смртни случаи.

Планетата веќе се загреа за 1,1 степени Целзиусови споредбено со прединдустриската ера и температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не ги преземат неопходните чекори за намалување на емисиите на стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување, нагласува BBC.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе