Владата ќе набави половина милион вакцини Pfizer за 2022 година

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против COVID-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот Pfizer, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

– Согласно информацијата дозите за возрасните ќе почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тримесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година, соопштија вчера од Владата.

Според последните информации, во државата е вакцинирано 48 отсто од полнолетното население.

Надлежните апелираат за помасовна вакцинација, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот.

Во државата сè уште не е регистриран случај на заразен со омикрон и сè уште е доминантна делта варијантата.

Вчера беа регистрирани нови 353 случаи на COVID-19 од направени 3.162 тестирања или 11 отсто, што е под минатонеделниот просек на позитивност 13,1. Најмногу нови случаи има во Скопје – 174, потоа Прилеп – 42, Битола – 27 и Кавадарци – 22. Регистрирани беа и 450 оздравени пациенти, како и вкупно 14 починати, од кои 10 лица од изминатото деноноќие, а четири преку системот „Мој термин“ во период од 19.11-07.12.2021 година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 2650, следи Битола – 445, Прилеп – 352, Кавадарци – 257, па Охрид – 209. Во другите градови има под 200 заразени, а во Дебар нема ниту еден активен случај.

СЗО предвидува дека Африка ќе успее да вакцинира 70 проценти од своето население дури до август 2024 година, ако имунизацијата се одвива спред ова темпо. Оттаму побараа да се забрза кампањата за вакцинација, која значи „спасување на многу животи“.

Прагот од 70 проценти се смета за клучен за контрола на пандемијата, потсети Регионалната канцеларија на СЗО за Африка.

Но, до 13 декември, само дваесет африкански земји вакцинираа најмалку 10 проценти од населението, само шест достигнаа 40 проценти и две (Маурициус и Сејшели) 70 проценти.

Во борбата против ковид, од компанијата Pfizer очекуваат да помогне и нејзиниот лек „Паксловид“. Истражувањето на лекот на Pfizer против COVID-19 потврди дека помага во спречување на сериозни болести.

Во соопштението на компанијата се наведува дека антивирусниот лек во лабораториски услови бил ефикасен и против сојот омикрон.

Pfizer соопшти дека лекот „Паксловид“, доколку се дава во рок од три дена од почетокот на симптомите, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 89 проценти. Доколку се даде во рок од пет дена, ризикот се намалува речиси за исто толку, за 88 проценти.

Во Словенија вчера беше потврден првиот случај на омикрон варијантата на коронавирус. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе