Влошена епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции

За една третина (33,9 отсто) е зголемен бројот на нови КОВИД-случаи од 10 до 16 јануари, споредено со претходната седмица, односно дијагностицирани биле 11 .123 од направени 45.401 тест и просекот на позитивност бил 24,4 отсто.

Епидемиолошките информации укажуваат дека земјата се наоѓа во пикот на заразата и затоа, по препорака на Главниот координативен кризен штаб, Владата донесе одлука второто полугодие за околу 255 илјади ученици наместо утре да почне на 1 февруари.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените (50,6 проценти т.е. 5630) се од Скопје. Најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години, со раст од 99,6 отсто и кај тие од 50 до 59 – со зголемување од 90,3 отсто во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела пријавени биле 1247 реинфекции, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти. Од вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, кај 57 (59,4%) е детектиран сојот омикрон, откриен во седум градови (Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија).

Неделниот извештај на ИЈЗ покажува и дека од 10 до 16 јануари имало 55 смртни случаи од COVID-19, во 15 градови, што е за 34,1 проценти повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и се луѓе над 60 години. На болничко лекување се 439 лица што е една четвртина повеќе во споредба со претходнаta недела.

Со новите 2.269  КОВИД-случаи од последното деноноќие, од кои 1169 се во Скопје и 310 се реинфекции, бројот на дијагностицирани со коронавирус во земјава од почетокот на епидемијата достигна 247.663. Активни случаи има 17.218 и од нив 9.167 се во главниот град. Четирицифрен број активни има Битола (1516), речиси илјада (960) се во Прилеп, а над триста имаат Куманово (662), Охрид (548), Кавадарци (426),Струмица (345) и Велес (327).

Влошена е епидемиолошката состојба и во земјите од Западен Балкан, а особено е тешко во Словенија, Србија и Хрватска, каде вчера се евидентирани рекорден број новозаразени.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Македонија

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more
 

Вести

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе