Во седиштето на ОН во Њујорк денеска над 50 држави од целиот свет потпишаа Договор за забрана на нуклеарното оружје во присуство на генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш.
Документот беше одобрен на 7 јули од повеќе од 120 земји членки на ОН и покрај силното противење на државите кои поседуваат нуклеарно оружје, вклучително и петте постојани членки на Советот за безбедност на Светската организација, кои ги бојкотираа преговорите за усогласување на неговиот текст.
Набрзо по стартот на потпишувањето Договорот со заедничко соопштение се огласија Велика Британија, САД и Франција, кои порачаа дека нема да се придружат на оваа спогодба.
Во врска со документот се огласи и руското министерство за надворешни работио д каде што нагласија дека Русија нема да го ратификува овој договор.
Уште пред стартот на потпишувањето на Договорот се огласи и НАТО-алијансата, која го осуди документот и порача дека тој нема да предизвика промени во правните обврски на земјите членки на Алијансата во однос на нуклеарното оружје.