Во Африка повторно се појави најсмртоносниот вирус за кој нема лек

Две лица во Гана починаа од екстремно смртоносниот вирус марбург, па здравствените институции се подготвуваат за потенцијална епидемија. Лекарите рекоа дека пациентите развиле симптоми како што се дијареа, треска, гадење и повраќање.

Претставникот на Светската здравствена организација во Гана, Френсис Касоло изјави дека здравствените служби се на терен и ја истражуваат ситуацијата и подготвуваат одговор за евентуална епидемија.

„Тесно соработуваме со државата за да откриеме случаи на инфекција, да следиме контакти и да бидеме подготвени да го контролираме ширењето на вирусот“, рече Касоло.

URL

Ако се потврди дека две лица починале од вирусот, тоа ќе биде втор пат марбург да биде откриен во Западна Африка, по помалите случаи во Гвинеја минатата година.

Што е марбург вирус?

Марбург вирусот е најсмртоносниот вирус во светот, имајќи предвид дека, според Светската здравствена организација, убива до 90% од заразените. Во моментов нема лек за оваа болест.

Почетните симптоми вклучуваат силна главоболка, висока температура, дијареа, абдоминална болка и повраќање. Со текот на времето, симптомите стануваат поизразени. По неколку дена, многу пациенти имаат внатрешно крварење или крварење од отворите на телото како што се устата, очите и ушите.

Марбург вирусот се пренесува на луѓе кои се изложени на рудници или пештери каде што се наоѓаат лилјаците. После тоа, вирусот се шири преку директен контакт со телесни течности на заразени лица или површини и материјали кои биле во контакт со тие течности.

Се работи за вид на вирус кој припаѓа на семејството Filoviridae. Тоа е животински хеморагичен вирус со облик на хокејски стап, прстен или латинска буква U. Филовирусите се РНК вируси со полиморфен, понекогаш филаментозен вирион со дијаметар од 150-300 нанометри. Геномот се состои од едноверижна РНК.

Последен пат кога вирусот излезе од Африка беше во 2008 година кога се појави во Уганда и се се прошири во Холандија и САД, за среќа со малку заразени и само еден смртен случај. Најголема епидемија беше забележана во 2004 и 2005 година кога во Ангола беа потврдени 252 заразени од кои дури 227 починаа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе