ФА КУП 2022/2023

Во Англија покажан округол црвен картон - ФА објасни зошто

На синоќешниот натпревар од ФА купот помеѓу велшки Рексам и Шефилд Јунајтед главниот судија покажа црвен картон, но сите ги зачуди неговата нетипична форма - беше округол наместо правоаголен.

Во рамките на 16-ина финалето од најстарото натпреварување во фудбал во светот, англискиот ФА куп, главниот судија Дин Вајтстоун во 71. минута го исклучи од игра гостинскиот играч Даниел Џебисон, но кога го извади картонот за да го официјализира исклучувањето, сите останаа вчудоневидени.

Не само присутните на стадионот, кои со чудење коментираа дали навистина картонот е округол или само така им се причинило, туку и оние крај малите екрани беа изненадени од ваквиот преседан.

URL

Округлиот црвен картон, сепак, има иста улога како и стандарниот правоаголен. Од англиската судиска организација пристигна објаснување зошто се одлучиле да ја променат формата, а целта е да им се помогне на одредени луѓе.

Имено, судиската организација сака да им излезе во пресрет на луѓето кои поради тританомалија не можат да ја разликуваат црвената од жолтата боја и сината од зелената. Токму разликувањето црвена и жолта е клучно при покажувањето на картоните, а не само меѓу гледачите, туку и кај играчите има далтонисти.

„Округлиот црвен картон е воведен за да им се помогне на играчите кои не ги разликуваат боите“, стои во објаснувањето.

URL

Натпреварот Рексам - Шефилд Јунајтед заврши 3:3, па согласно правилата на ФА купот тие ќе мора да одиграат нов натпревар за да го одлучат победникот, овој пат на теренот на екипата која на првиот натпревар била гостин.

Се разбира, ова е само тестирање на ваквиот црвен картон, а за негова целосна употреба дозвола треба да даде ФИФА. Доколку ваквата промена биде прифатена, округол ќе биде само црвениот, додека жолтиот картон ќе ја задржи правоаголната форма. На тој начин далтонистите ќе можат да ги разликуваат според формата, а не според бојата.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе