Во Австралија запленето екстази во вредност од 100 милиони евра

Австралиските власти заплениле големо количество од дрогата екстази во Сиднеј, чијашто вредност се проценува на околy 110 милиони американски долари, или 100 милиони евра, пренесуваат светските агенции.

Австралиската федерална полиција (AFP) запленила големи количества од ситнетичката дрога MDMA (метилендиокс-метаметамин), којашто спаѓа во редот на психостимулаторите, а според хемискиот состав е слична на метамфетаминот и халуциногениот месакалин и во чиста форма личи на бел кристален прав.

„Станува збор за најголемата заплена на дрога во Австралија во текот на 2016 година и четврто најголемо запленето количество на екстази во Австралија во историјата“, соопшти кабинетот на министерот за правосудство,

Во оваа полициска акција запленетата дрога е еднаква на количеството од повеќе од 4,1 милион екстази таблети. MDMA, покрај марихуаната, е најчесто користената дрога во Австралија, соопшти тамошната полиција.

Полицијата соопшти дека уапсила двајца Полјаци, на 18 и 19-годишна возраст, кои се осомничени дека ја внеле дрогата во Австралија.

Началникот на граничната полиција Тим Фицџералд за медиумите изјави дека запленетата дрога потекнувала од Чешка и оти криминалната организација преземала суптилни чекори да го прикрие нејзиното внесување.

„Стоката била декларирана како алуминиумски ролни во кои имаше оловни црева во кои беше сокриен наркотикот, што укажува на многу софистициран начин на криумчарење“, изјавил Фицџералд.

„Употребата на карактеристиките на оловото сугерира дека требало да го оневозможи снимањето на стоката со рентгент зраци“, додал.

Заменикот комесар за операции на австралиската полиција, Џастин Сандерс, пак, додал дека има уште 88 алуминиумски ролни кои треба да се испитаат во следните 24 до 48 часа. Таа додале дека заплената ќе има меѓународни импликации и очекува нови апсења, вклучително и во други земји.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе