Авто новости

Во чест на легендата: Bentley го претстави Continental Number 1 Edition

28. јуни 2019 - 11:44 | А.С.

Bentley му оддаде почит на својот тркачки автомобил Blower од 1929 година и го претстави новиот модел Continental GT Number 1 Edition by Mulliner.

Базиран на моделот Continental GT Convertible, Number 1 ќе може да се нарача во црна, бордо или сива боја и доаѓа во пакет со бројни уникатни дизјанерски елементи.

Целта на Bentley со овој модел е да им оддаде почит на некои од пионерите од првите сто години на компанијата.

Number 1 е опремен со пакет Centenary што содржи специјални ознаки од 18-каратно злато, уникатно LED осветлување, украсни капачиња на отворите за гориво и за масло и други елементи.

Коментирај