И покрај строгите мерки

Во еден ден регистрирани повеќе од 40.000 новозаразени во Велика Британија

Б.С.Б.
/ 29.12.2020 / 10:39

Во Велика Британија во изминатите 24 часа се потврдени 41.385 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е рекорден број заразени во еден ден од почетокот на пандемијата.

Надлежните здравствени институции од Лондон соопштија дека во изминатиот ден во Велика Британија се забележани уште 357 смртни случаи од последици на COVID-19, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во таа земја изнесува 79.339.

„Ова високо ниво на зараза сè повеќе нè загрижува во моментите кога работата на нашите болници е доведена во прашање“, изјави Ивон Дојл, медицинска сестра во Англиското јавно здравје.

Премиерот Борис Џонсон и неговите советници наведоа дека новиот сој на вирусот во оваа земја би може да биде до 70 проценти повеќе заразен и со самото тоа побрзо се шири, иако не се смета за смртоносен и поопасен од изворната варијанта.

Тоа доведе до строги мерки во Велика Британија, а ограничувањата не беа ублажени ниту за време на Божиќ

Во текот на изминатиот ден во британските болници се хоспитализирани 2.143 пациенти, а  на коронавирус се тестирани вкупно 507.384 луѓе.

Велика Британија значително го зголеми бројот на тестирања од првиот бран на коронавирсуот, од 100.000 на над 500.000 дневни тестирања, пренесе Reuters.

реклама

Свет

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Read more

Дали Доналд Трамп може да биде претседател иако е осуден?

Read more

Следете во живо: Вулканот на Исланд почна да исфрла лава

Read more

Шпанија го прекина прогонот на каталонските сепаратисти

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе

Претпладне топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Дали Доналд Трамп може да биде претседател иако е осуден?

Читај повеќе

Како африканското злато, вредно десетици милијарди долари, завршува во Емиратите?

Читај повеќе

Почнува постапката за кандидирање за претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Следете во живо: Вулканот на Исланд почна да исфрла лава

Читај повеќе