Во Италија изолирани 11 села поради корона вирусот, во Кина заразени речиси 77.000 лица

Скопје, 23 феврури 2020 (МИА) – Единаесет населени места, од кои повеќето во северниот град Ломбардија се изолирани согласно мерките што ги презеде италијанската Влада, по вонредната средба поради епидемијата на новиот корона вирус Covid-19.

Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата не се дозволени без посебна дозвола. Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Две лица веќе починаа од новиот корона вирус во Италија, а бројот на заразени во земјата достигна 79.

Во Кина, пак земјата од каде се прошири вирусот, бројот на заразени зголеми на 76.936, откако се пријавени 648 нови случаи, додека бројот на жртви достигна 2.442, соопшти Националната здравствена комисија.

Во Хубеј, епицентарот на епидемијата, бројот на новозаболени во саботата се зголеми на 630. Тоа е значително зголемување од претходниот ден, кога беа пријавени 366 нови случаи на коронавирусот во Хубеи.

Бројот на жртви исто така се зголеми, достигнувајќи 2.346 до крајот на вчерашниот ден, што претставува зголемување за 96 од претходниот ден.

Во меѓувреме Јужна Кореја одлучи да го подигне нивото на опасност од новиот корона вирус на највисок степен. Тоа го најави претседателот Мун Џае Ин, откако во таа држава беа регистрирани повеќе од 100 нови случаи на заболени од Covid-19.

Мун рече дека владата ќе го зајакне целокупниот одговор на вонредни состојби како дел од прогласување на „црвен“ степен на предупредување и дека локалните власти треба да преземат „исклучителони, моќни“ мерки за да спречат ширење на Covid-19.

Јужна Кореја објави 123 нови случаи на корона вирус и два нови смртни случаи, со што вкупните потврдени инфекции се 556 и бројот на починати е четири, според јужнокорејскиот Центар за контрола и спречување болести.

Државјанинот на Северна Македонија, кој е хоспитализиран откако се зарази со корона вирусот на крузерот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, е во добра здравствена состојба.

По тринеделниот третман, како што изјави во петокот  епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, тој ќе биде пуштен.

– Дваесет и пет отсто од луѓето кои биле инфицирани со вирусот на крузерот се пуштени дома. Франција, Германија и САД направија трансфер на патниците. Другите двајца наши државјани кои се на крузерот не се заразени, во добра здравствена состојба се и продолжуваат со својата работа со мерки за превентивна заштита. Тие работат во делот на подготвување и разнесување храна, рече д-р Караџовски.

Во меѓувреме двајца кинески инженери, кои работат на автопатот Кичево-Охрид две недели ќе бидат во карантин во кичевското село Извор. Според првичните анализи двајцата Кинези по пристигнувањето на аеродромот во Скопје биле негативни на вирусот и на други респираторни заболувања, но сепак тие се ставени на 14-дневен надзор.

Според најавите првите тестирања на вакцината на корона вирусот треба да почнат во април.

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Од другата страна на протестите: Моќни фотографии што мејнстрим медиумите не ги објавуваат

Read more

Третина од заболените без никакви симптоми

Read more

Свет

Русија покани војници од 19 земји на парадата на победата на Црвениот плоштад

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Ардерн ги поддржа протестите за солидарност со случајот на Џорџ Флојд

Read more

Криза за гориво во корона-криза, не може да се транспортираат мртвите

Read more

Вести

Русија покани војници од 19 земји на парадата на победата на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Црна Гора прогласи крај на епидемијата на COVID-19

Читај повеќе

Спасовски: Нема потреба од нова вонредна состојба, изборите се на 5 јули

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

12 патници со коронавирус во авион од Доха за Атина, во карантин 91 лице

Читај повеќе

Коригиран бројот на заболени: Вкупно 76, од нив 52 се од Скопје

Читај повеќе

Дополнета владината Уредба за јавен превоз на патници

Читај повеќе

Како да се заштитите од COVID-19 на работното место?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ардерн ги поддржа протестите за солидарност со случајот на Џорџ Флојд

Читај повеќе