Во Јапонија нов трет силен земјотрес за два дена

Нов земјотрес со магнитуда од 6 степени по Рихтер е регистриран ноќта од саботата кон неделата во близина на североисточниот брег на Јапонија, трет силен потрес во нецели три дена во оваа област но кој не се заканува со предизвикување цунами, наведуваат властите кои не објавија податоци за евентуално настрадани и штети.

Новиот земјотрес бил регистриран во 17,58 часот во саботата по средноевропско време, околу 170 километри од градот Мијаки, според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS). Како и последните потреси, регистриран на длабочина од околу 10 километри во морето. Не е испратени предупредување за цунами, потврди јапонската метеоролошка агенција.

Претходно во саботата околу беше известено за потрес со истата јачина во истата област, додека во петокот во истото подрачје беше регистриран земјотрес со магнитуда од 5,3, во морето јужно од Фукушима и тој не предизвика жртви и штети.

Јапонија, која се наоѓа на спојот на четири тектонски плочи, секоја година регистрира повеќе од 20 отсто од најсилните потреси во светот.

Во април годинава беше регистрирана серија силни земјотреси на југозападот од Јапонија во кои загинаа околу 50 лица. Тогаш во префектурата Кумамото беа регистрирани повеќе од 1.700 афтершокови.

Во март 2011 година силен подземен потрес во морето со магнитуда 9 предизвика гигантско цунами со бранови до речиси десет метри, кое усмрти 18.000 луѓе и предизвика нуклеарна катастрофа во централата Фукушима.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе