Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 41 пациент, вкупно се лекуваат 438

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 41 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид – центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во моментот, во ковид – центарот  на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.

Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород, стои во соопштението. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе