Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, вкупно се лекуваaт 338

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 338 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника, по тројца болни на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за Неврологија и на Институтот за ТБЦ. Двајца пациенти се примени Клиниката за нефрологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

Вкупно 338 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе