Екстремно ниска температура измерена е овие денови, што беше шок за многумина, бидејќи го сруши рускиот рекорд.
Колку навистина може да биде ладно на Земјината површина? Измерени се дури -97 степени Целзиусови.
Оваа екстремно ниска температура, научниците ја измерија на најладното место на Земјата - на замрзнатата плоча длабоко во средината на Антарктикот и тоа во текот на долга и мрачна поларна зима.
„Тоа е место каде условите за живот на земјата, се најблиски до условите за живот на некоја друга планета“, изјави лидерот на истражувањето Тед Сламбос, научник од Националниот центар за снег и мраз на Универзитетот во Колорадо.
Измерената температура изненади многумина, бидејќи вака ниската температура го надмина рекордниот минус измерен на руската станица Восток, која е оддалечена околу 1.300 километри од Јужниот пол.
Во 1986 година, руските научници овде измерија температура од минус 88,8 степени Целзиусови, па изненадувањето е уште поголемо, бидејќи температурата е надмината за повеќе од 8 степени во минус.