Според моментално достапните информации, електричните автомобили во Норвешка би можело да ги надминат по број автомобилите со бензински мотори уште оваа година.

Норвежаните планираат да забранат продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2025 година.
Норвешка е вистински рај за автомобили со нула емисија. Од почетокот на годината, електричните автомобили учествуваат со 90 отсто од вкупната продажба на нови автомобили.
Со ова темпо Норвешка има големи шанси да дојде до својата амбициозна цел. Оваа скандинавска земја сака да стане првата земја во светот која ќе ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2025 година.
Сепак, за оваа скандинавска земја се истакнува уште еден куриозитет. Имено, според официјалните податоци, на патиштата во Норвешка моментално се користат околу 776.003 автомобили на бензин, 1.068.929 се возат со дизел генератори, 339.724 се хибриди и дури 700.358 чисто електрични автомобили. Доколку овој тренд продолжи, бројот на електрични автомобили веќе би требало да го надмине бројот на автомобили на бензин до крајот на оваа година.
Аналитичарите веруваат дека електричните автомобили ќе ги надминат дизел автомобилите за четири години. Затоа, почнувајќи од 2029 година, бројот на автомобили со нулта емисија на штетни гасови треба да биде најдоминантен на тамошниот пазар.
Во првиот месец од 2024 година, електричните автомобили сочинуваа 92,1 отсто од целата продажба на нови автомобили во Норвешка. Овој процент во март падна на 89,3 отсто поради зголемувањето на каматите и намалувањето на државната помош за субвенционирање на струјата, но евидентно е дека Норвежаните ја скршија банката и нема враќање назад кога станува збор за електромобилноста.