Во понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите

Скопје, 23 февруари 2019 (МИА) – По завчерашните два инцидента во КПУ „Скопје“ и констатираните пропусти во безбедносните протоколи на затворот, директорот  Ѓоко Котевски најави дека ќе поднесе оставка. Оставката се очекува в понеделник, кога треба да биде готов и извештајот од истрагата за немилите настани во кои физички беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

-Заедно со извештајот од истрагата, ќе депонирам и оставка, потврди за МИА директорот на затворот.

Според него, досегашната истрага покажа пропусти во постапувањето и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување во КПУ „Скопје“. Поради тоа, Котевски, како што изјави, чувствува морална одговорност и ќе се повлече од функцијата.

-Јас сум одговорен човек, професионалец, посветен на службата и кога службата ќе потрфли, логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка, рече вчера директорот пред затворот во Шутка.

Претходно, во текот на денот, премиерот Зоран Заев ги осуди инцидентите и побара оставка од Котевски.  Наведе дека независно кој е виновен за инцидентите, директорот треба да понесе одговорност.

-Според очевидците и писмените изјави на лицата, вербалните инциденти ги почнале лицата М. Ј.  и С. Р., по што биле физички нападнати. Се разбира, за сите физички насилства нема оправдување. Тие треба секој да ги осуди, секој од нас, и затоа треба да се преземе одговорност, подвлече Котевски, додавајќи дека го прифаќа барањето на премиерот Заев.

Котевски најави дека в понеделник ќе биде завршена комплетната внатрешна истрага, а потоа извештајот ќе биде доставен до Министерството за правда, до Управата за извршување санкции и до Кабинетот на премиерот.

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на кои им беше одредена мерка притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, физички биле напданти од Л. К. и Е. С. Според Котевски, М. Ј. и С. Р. биле сместени во различни павилјони поради што и инцидентите се случиле во различно време, едниот во едно, а по еден час и другиот во друго шеталиште. Извршени се разговори и земени се изјави од притворените лица вклучени во немилиот настан.

Основниот суд – Скопје 1 синоќа соопшти дека Кривичниот совет му ја усвоил жалбата на Јанакиески порадо што мерката притвор му е преиначена во 30-дневен куќен притвор, додека Ристовски останува во „Шутка“. На Јанакиески воедно му се забранува комуникација со лицата опфатени во кривично-правниот настан без довзола од Судот.

Како што информира директорот Котевски, вчера се преземени нови протоколи и повикани се поголем број затворски чувари на работа. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе