Во текот на утрешниот ден (сабота, 2 март) Општина Центар ќе го санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов“, поради што во периодот од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќај, известија од Општина Центар.
Сообраќајот ќе се одвива во една насока од улицата „Коле Неделковски“ до улицата „Ленинова“.
„Апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.