Во Србија најпопуларни се вакцините Спутник V, Sinovac и Sinopharm

Србија е убедлив лидер по бројот на вакцинирани лица во регионот и е еден од лидерите во Европа, но, иако вакцината против корона е достапна во поголеми количини во Србија, сепак 30 отсто граѓани веројатно нема да се вакциниранаат, додека 16 отсто се изјасниле дека сигурно нема да ја примат, покажа неодамнешното регионално истражување на компанијата Валикон, јави дописникот на МИА од Белград.

Во регионот, БиХ е лидер според бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, со 61 отсто од граѓаните кои имаат намера да ја примат вакцината.

Од друга страна, според истражувањето спроведено во март 2021 година, преку онлајн методот на репрезентативни примероци во четири земји во регионот- БиХ, Хрватска, Словенија и Србија, значителен процент на граѓани на БиХ немаат намера да се вакцинираат – 27 отсто изјавиле дека најверојатно нема да се вакцинираат, додека 12 отсто сигурно нема да се вакцинираат.

За разлика од БиХ, Хрватите и Словенците имаат малку помала намера да се вакцинираат (50 отсто имаат намера да се вакцинираат), додека значително поголем е процентот на оние кои не сакаат да се вакцинираат, особено оние кои не оставаат простор за можна вакцинација – скоро петтина или 20 отсто.

Кога станува збор за која вакцина би сакале да се вакцинираат, граѓаните на Србија ја преферираат руската вакцина Спутник V и кинеските Sinovac и Sinopharm.

За разлика од Србија, граѓаните на Хрватска и Словенија во многу помала мера имаат доверба во овие вакцини, но сепак постои одреден степен на доверба.

Кога станува збор за вакцината Pfizer/BioNtech, таа е убедливо најпопуларна во Словенија и Хрватска, додека во Србија е на третото место.

Во БиХ 48 отсто од  жители претпочитаат да бидат вакцинирани со Спутник V, додека 48 отсто би ја примиле вакцината Pfizer/BioNtech.

Вакцините на Johnson & Johnson, Moderna и AstraZeneca, уживаат висок степен на доверба кај граѓаните на Хрватска и Словенија, но токму во тие земји најголем е процентот на граѓани кои не би одбрале ниту една од понудените вакцини – 32 отсто во Хрватска и 34 отсто во Словенија. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе