Во среда предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишњек

Во среда, 20 март, во 18 часот во „Јуроп хаус“ ќе се одржи онлајн-предавањето на француско-романскиот автор Матеј Вишњек.

Матеј Вишњек е писател (драматург, новинар, поет и романописец), кој твори на француски јазик. Како и кај други уметници и интелектуалци кои се родени во Романија, но твореле во културата на дијаспората (како Константин Бранкуши, Емил Чоран, Мирча Елијаде, Ожен Јонеско, Норман Манеа, Херта Милер), уметничкото творештво и животот на Матеј Вишњек може да се поделат на: a) годините на академското и културното оформување во Романија, родната земја со нејзините жители, кои останаа негов главен извор на инспирација, независно од книжевниот жанр што го обработува и б) зрелоста и меѓународниот успех стекнати во француската култура во која живее и го објавува најголемиот дел од своето дело.

Двата значајни аспекта од годините на неговото творење и оформување во романската културна средина се следниве: студира историја и филозофија на Универзитетот во Букурешт и е основач на Понеделничкиот кружок, координиран од професорот Николае Манолеску. Неговите пиеси објавени од 1987 до 1997 година, иако цензурирани, тајно си го наоѓаат патот до читателите заинтересирани за неговиот израз и стил. На 31-годишна возраст, кога пристигнува во Париз, Матеј Вишњек ѝ остава на романската култура веќе значајно дело: еден роман, многубројни пиеси и неколку збирки поезија. Во 1987 година емигрира во Франција, во 1993 година станува француски државјанин, но продолжува да објавува паралелно на француски и на романски јазик. Живее во Париз и работи како новинар во Радио Франс ентернасјонал. Во Франција, земјата во чија култура ќе се истакне, тој дебитира со збирката поезија „Мудрецот во времето за пиење чај“, со која ја добива наградата за најдобра поетска книга во 1984 година. По декемвриската револуција од 1989 година, Матеј Вишњек станува најиграниот романски драмски писател, кој твори на француски јазик во својата родна земја, но и во уште триесет други земји.

Разликата меѓу реалноста и начинот на нејзиното претставување, меѓу зборовите и делата, светот како циркус и спектакл остануваат фундаментални теми на неговите пиеси, кои одржуваат совршена рамнотежа меѓу апсурдот и комичното. Матеј Вишњек ги сака надреализмот, дадаизмот, театарот на апсурдот, комичното и гротескното, фантастичната книжевност, магичниот реализам на латиноамериканскиот роман, англосаксонскиот реалистичен театар, но го мрази социјалистичкиот реализам.

Оваа исклучителна вечер ни го овозможува задоволството директно да откриеме некои од суштинските идеи на творештвото на драмскиот писател и новинар Матеј Вишњек, како и можноста да го откриеме уметникот и да му поставиме, иако онлајн, неколку прашања.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе