Во Светиниколско и Велешко започнува Патувачкото кино на МакеДокс

Здружението за промоција на документаристика МакеДокс ги почна активностите поврзани со Патувачкото кино, кое е во симбиоза со Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. После низа различни формати кои беа предизвикани од надворешни фактори (ковид-пандемија), Патувачкото кино се враќа во својот стандарден формат на реализација по завршувањето на фестивалот МакеДокс, кој годинава се одржа од 17 до 24 август во Скопје.

Проекцијата покрај реката Бабуна; Фото: Бранд Ферро

Два нови момента се присутни на годинашното Патувачко кино, а тоа се преднастанот, што се одржа на 26 август покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата „Средби на Родот“, каде беа прикажани два креативни документарни филмови и со што почна Патувачкото кино, додека вториот новитет ќе се случи пред филмската проекција во селото Теово на 15 септември, кога ќе биде промовиран музички албум на бард на македонската и екс-Ју музичката сцена.

Филмската програма на 14-тото Патувачко кино на МакеДокс ќе се прикаже во два термина од 8 до 11 септември во регионот околу Свети Николе и од 14 до 17 септември во велешкиот регион.

„Во овие 14 години успеавме да направиме мост помеѓу урбаното и локалното население во речиси 100-ина села и помали градови низ цела Македонија, овозможивме пошироката јавност да се запознае со културните слоеви на руралните средини, а истовремено успеавме таму да однесеме нови културолошки вредности. Од оваа година фокусот на Патувачкото кино ќе биде ставен на прибирање мемориска граѓа од постари лица во населените места каде што ќе се одржуваат проекциите“, посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на Патувачкото кино.

Филмските проекции под отворено небо на годинашното Патувачко кино ќе се одржат во Свети Николе на 8 септември, Горобинци (9 септември), Ерџелија (10 септември) и Мустафино (11 септември) во светиниколскиот регион, додека во велешкиот регион на 14 септември ќе има проекција во Чашка, на 15 септември во Теово проследена со музичка промоција, на 16 септември во Богомила и на 17 септември во Горно Оризари. Проекциите на сите локации почнуваат во 19:30 часот, а влезот е слободен.

Покрај проекцијата на креативни документарни филмови во рурални средини, организирањето на Патувачкото кино е дел од пошироката рамка на децентрализација на културата низ целата држава. Реализацијата на Патувачкото кино е поддржана од Агенцијата за филм на РСМ и од МакеДокс.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе