Во Тел Авив отворен најголемиот ургентен центар во светот

Во Израел денеска е отворен најголемиот ургентен центар во светот, со 8.000 квадратни метри, наменет за вообичаени итни потреби и за ненадејно голем број ранети во случај на војна или терористи напади.

Центарот во болницата Ихилов во Тел Авив го отворија претседателот на преодната влада на Израел Јаир Лапид, израелскиот претседател Исак Херцог, министерот за здравство Ницан Хоровиц и филантропот Силван Адамс.

Адамс, Израелец кој има и канадско државјанство и финансираше неколку проекти во Израел во претходните години, донираше 28 милиони долари на болницата, поради што ургентниот центар го носи неговото име.

На отворањето тој рече дека Израел е веќе лидер во медицината во светот, дека израелските научници и лекари наоѓаат важни решенија во областа на истражувањето, иновациите и здравствената заштита и оти земјата може да биде предводник и во ургентното згрижување.

Центарот има 100 болнички кревети, а тој број може да се удвои во итни случаи.

Пациентите кои се чувствуваат доволно добро ќе можат да се пријават, а потоа да се подложат на само-тријажа, каде што автоматските системи ќе ја проверуваат нивната температура, крвен притисок, пулс и заситеност со кислород во крвта.

Резултатите се внесуваат во компјутерскиот систем на болницата, а вработените во центарот веднаш ќе бидат известени доколку пациентите се изложени на висок ризик.

Мобилни роботи ќе им помагаат на пациентите да го пронајдат одделот што им е потребен, а преку апликација ќе се информираат што се случува со нивните тестови, резултати и третман.

Портпаролот на болницата Аву Шусан изјави дека податоците се внимателно проверени и дека се укажува оти ургентниот центар отворен денеска е најголемиот во светот.

Тагови
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе