Водовод и канализација го претстави својот дигитален асистент

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје денеска ја информираше јавноста дека во функција е ставен првиот дигитален асистент во јавниот сектор.

„Јавното претпријатие 'Водовод и канализација' – Скопје ви ја претставува Ана, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција кој има за цел да им помогне на граѓаните на Скопје со услугите на јавното претпријатие. Ова е прва и единствена технолошка иновација од ваков вид во јавниот сектор на ниво на нашата државa сѐ со цел побрзо решавање на барањата на граѓаните и подобрување на корисничкото искуство“, известува „Водовод и канализација“.

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје ја започна оваа иницијатива со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и да им помогне во брзо и ефикасно доставување на нивните барања, исполнување на нивните обврски без чекање и во секое време, зголемување на бројот на електронски корисници, а со тоа и да ги направи услугите на претпријатието полесно достапни за граѓаните како и да делува во насока на намалување на трошоците.

Дигиталниот асистент може навремено да ве известува за планирани и непланирани прекини во водоснабдувањето во реонот во кој живеете во Скопје, може да ви помогне лесно да ги платите и да направите увид во вашите неплатени сметки, да пријавите дефекти на територијата на градот, и да поднесете корисничко барање. Корисниците исто така ќе добиваат брзи и точни одговори за прашања поврзани со услугите на Водовод, како и самата институција.

Дополнително, Ана може да ви помогне да заштедите вода преку советите за штедење на вода кои ќе влијаат на вашите секојдневни навики.

Со воведување на ваков вид на иновација, корисниците на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје ќе имаат можност да добијат одговори на своите прашања и да поднесат барање без да мора да посетуваат некои од пунктовите или да се јавуваат во Контакт-центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, во секое време.

Ана е креирана со помош на CodeWell AI, напредна технолошка платформа, која овозможува креирање на паметни дигитални асистенти кои можат да го зборуваат и разбираат било кој јазик со многу висока прецизност и можат да бидат истренирани како експерти во било кое поле.

Од денес со Ана ќе може да зборувате на официјалната веб-страница на ЈП 'Водовод и канализација' - Скопје, мобилната апликација, достапна за Android и iOS, или преку апликациите Facebook Messenger на Facebook страната на претпријатието и Viber на следниот линк: viber://pa?chatURI=vodovod-skopje.

Тагови
реклама

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Read more

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Read more
 

Вести

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Читај повеќе

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе