Воен блок пандан на НАТО на чело со Русија испраќа војска во Ерменија

Генералниот секретар на ОДБК лично ќе ја предводи мисијата откако Ереван го обвини Баку за последните воени судири.

Генералниот секретар на ОДБК Станислав Зас и ерменскиот секретар за безбедност Армен Григорјан на прес-конференција во Ереван.

Организацијата на Договорот за колективна безбедност, скратено ОДБК, денеска објави дека ќе испрати своја мисија за да ја процени ситуацијата во јужниот Кавказ и да предложи решение за тензиите помеѓу Ерменија и Азербејџан. Мисија ќе ја предводи генералниот секретар на ОДБК, Станислав Зас од Белорусија, а таму ќе биде и рускиот генерал Анатолиј Сидоров, кој е главен на стручниот воен тим од овој блок.

ОДБК е руски пандан на НАТО и вклучува вкупно 6 земји на чело со Русија. Останатите членки се Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, сите поранешни советски републики. Азербејџан, кој е втората страна во конфликтот во спорниот регион Нагорно-Карабах, не е членка на блокот. Азербејџан, заедно со Грузија беа членки, но во 1999 година истапија од блокот навајувајќи желба за влез во НАТО. Узбекистан исто така беше член, но напушти во 2012.

Знамето на ОДБК

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, преку видео-конференција ги информирал сојузниците од блокот за новите престрелки со азербејџанската војска во кои изминативе денови загинаа 49 ерменски и 50 азербејџански војници, и побарал интервенција од ОДБК.

ОДБК досега инсистираше на мирно решавање на конфликтот, без своја воена интервенција иако една нејзина членка е инволвирана во судирите, а според официјален Ереван токму Ерменија е нападнатата страна. Таквиот став на блокот беше на инсистирање на рускиот претседател Владимир Путин, кој и покрај истапувањето на Азербејџан од ОДБК, одржува добри односи со оваа земја.

Во статутот на ОДБК постои Член 4 кој секоја земја-членка може да го активира доколку воено е нападната, а тој член е идентичен како правилото на НАТО кое вели дека „кога една членка е нападната, тоа е напад врз сите“. Засега е непознато дали Ерменија го активирала Членот 4.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе