КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Војна Ливерпул - Египет: „Црвените“ не го пуштаат Салах кога татковината го вика

На Египет му претстојат важни квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот, но Ливерпул инсистира „Фараоните“ да играат ослабени без својот најголем адут.

Деновиве се води вистинска војна помеѓу премиерлигашот и Фудбалската асицијација на Египет. Египќаните решија да проговорат и на јавноста ѝ соопштија со какви сопки се справуваат во обидот Мохамед Салах да го имаат на располагање за претстојните мундијалски квалификации.

Прозорецот на ФИФА на почетокот од септември е резервиран за сите репрезентации ширум светот. „Фараоните“ имаат два натпревара и тоа против Ангола на први дома и потоа на гости кај незгодниот Габон на петти. Но, ќе мора да се снаоѓаат без Салах.

Луверпул одлучи да го искористи новото британско правило за да не го пушти Салах да се јави на повикот на татковината. Имено, поради рестрикциите со цел спречување на ширењето на коронавирусот, секој повратник од Египет мора потоа да оди во десетдневен карантин. Тоа не значи дека Салах не смее да игра за Египет, туку дека на Ливерпул не му одговара тој потоа да биде ставен во карантин.

„Египетската фудбалска асоцијација продолжува да прави напори да ги донесе сите интернационални репрезентативци во националниот тим за да играат во квалификациите за Светското првенство. Се трудиме тие да бидат изземени од рестрикциите за патувања воведени од државите во кои играат, а поради коронавирусот“, почнува соопштението на Египќаните.

„Примивме допис од Ливерпул каде се извинуваат за недостапноста на нивниот фудбалер, Мохамед Салах. Тие се правдаат со мерките кои важат во Англија и кои имаат за цел да спречат ширење на коронавирусот, а со кои повратниците од одредени држави имаат задолжителна самоизлација за период од 10 дена по враќањето во Англија. Англискиот клуб напиша дека се надева дека ние тоа ќе го разбереме. Истиот изговор им го испратиле и на други репрезентации“, се дополнува во соопштението.

URL

Но, Ливерпул и претходно му бранеше на Салах да игра за репрезентацијата, дури и кога немаше мерки. Последен пат беше летово кога не го пушти да настапи на Олимписките игри во Токио, иако за таму немаше никакви рестрикции.

Сепак, можно е Ливерпул делумно да попушти и да му дозволи на Салах да игра за Египет, но само на вториот натпревар против Габон. Имено, оваа африканска земја не е на црната листа на Обединетото Кралство, па по враќањето играчот нема да мора да оди во карантин.

Салах е капитен на Египет и досега има одиграно 70 натпревари и постигнато дури 45 голови.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Колку склекови треба да можете да правите според вашата возраст?

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Фудбал

Еден Азар под истрага

Read more

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Read more

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Read more

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Read more
 

Спорт

Еден Азар под истрага

Читај повеќе

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Читај повеќе

Формула 1 го доби најмладиот возач на пол-позицијата

Читај повеќе

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе