Војските на Индија и Кина повторно размениле оган

Мал воорушен конфликт повторно избил на контроверзната граница помеѓу војските на Индија и Кина.

„Добивме неколку прашања во врска со пресметката на индиската армија и ПЛА во секторот Сиким. Разјаснето е дека имало мала размена на оган кај местото Наку Ла во Северен Сиким на 20 јануари во кој учествувале локални конаданти постапувајќи според веќе воспоставен протокол“, информираше денеска Индиската армија.

Армијата апелираше до медиумите да престанат да фрлаат масло на оганот зголемувајќи ја тензијата со преувеличување на фактите. Индиските медиуми објавија дека имало масовна пресметка по која непознат број на војници биле повредени. Наводно Кинезите го предизвикале инцидентот навлегувајќи на индиска територија. Сето ова го дематираше Индиската армија.

Индија и Кина се наоѓаат во тензична атмосфера поради нерешениот граничен спор во источниот дел на Хималаите. Обично пограничните војски на двете држави не носат оружје, но и покрај тоа минатиот јуни дојде до масовна пресметка во која војниците се тепаа со голи раце, стапови и камења по што најмалку 20 индиски војници загинаа, додека Кина никогаш не воопшто каков е билансот на нејзина страна, но американските разузнавачки служби тврдат дека загинале 43 кинески војници.

Додека Пекинг и Њу Делхи се обвинуваат едни со други за смртоносната пресметка, во меѓувреме започнаа и преговори за мировно решение кои досега воопшто не вродија плод.

Индија и Кина се две нуклеарни сили, најголеми држави на светот според бројот на население, а поседуваат и огромен број на војска, па евентулана војна помеѓу нив две би била катастрофална по планетата.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе