Волстрит ги чека извештаите на технолошките гиганти, цените на нафтата стабилни

Во понеделникот на Волстрит се тргуваше внимателно, при што берзанските индекси стагнираа, додека инвеститорите ги очекуваат кварталните деловни резултати од голем број компании, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот. Dow Jones зајакна 0,20 отсто, на 33.875 поени, а S&P 500 зајакна 0,09 отсто, на 4.137 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,29 отсто, на 12.037 поени.

Стагнацијата на индексот е последица на воздржаноста на инвеститорите во пресрет на објавувањето на деловните резултати на голем број големи технолошки компании. Од почетокот на годината цените на акциите во тој сектор силно пораснаа и беа најголемиот поддржувач на растот на Волстрит. Затоа, деловните резултати на компаниите за првиот квартал претставуваат, велат аналитичарите, тест дали овој раст е оправдан.

Акциите на Microsoft вчера беа под притисок додека ги чекаа деловните резултати што технолошкиот гигант ќе ги објави денеска. Од почетокот на годината цената на акциите на Microsoft се зголеми за повеќе од 17 отсто, а резултатите во првиот квартал ќе покажат дали е оправдано толку силно зголемување на цената на акцијата.

Во наредните денови финансиските извештаи ќе бидат објавени и од технолошките гиганти, како Amazon.com, Alphabet и Meta Platforms. Од 90 компании од индексот S&P 500, кои досега ги објавија финансиските извештаи, 77 отсто од нив оствариле поголема заработка од очекуваната.

Сепак, очекувањата не се многу оптимистични. Според проценките на аналитичарите во истражувањето на Reuters, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде околу 5 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година. Инвеститорите се исто така претпазливи бидејќи се очекува американската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки на седницата на почетокот на мај.

Мора да се признае, инфлаторните притисоци во САД постепено се намалуваат, но не доволно, па ФЕД би можел да продолжи да ја затегнува монетарната политика. Пазарите на пари проценуваат дека има повеќе од 90 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за уште 0,25 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,02 отсто, на 7.912 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,11 отсто, на 15.863 поени, а париски CAC 0,04 отсто, на 7.573 поени.

Цените на нафтата останаа на исто ниво

Цените на нафтата вчера останаа стабилни бидејќи загриженоста за зголемувањето на каматните стапки, изгледите за глобалната економија и оние за побарувачката на гориво се избалансирани со можноста за намалување на залихите.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 22 центи, на 81,44 долари. На американскиот пазар барел нафта се тргуваше по 77,74 долари. На двата пазари цената на нафтата падна за повеќе од пет отсто во текот на изминатата недела.

Слабите економски податоци на САД и полошата од очекуваната корпоративна заработка од технолошкиот сектор ја поттикнаа загриженоста кај инвеститорите, рече аналитичарот на CMC Markets, Тина Тенг.

Стабилизираниот американски долар и зголемените приноси на обврзниците, исто така, додадоа притисок врз пазарот на суровини, додаде таа.

Централните банки од САД и Велика Британија до Европа се очекува да ги зголемат каматните стапки кога ќе се состанат во првата недела од мај, настојувајќи да ја смират тврдоглаво високата инфлација.

Нерамномерното економско закрепнување на Кина по пандемијата на коронавирус, исто така, ги заматува прогнозите за побарувачката на нафта, иако податоците од кинеската царина во петокот покажаа дека најголемиот увозник на сурова нафта во светот увезол рекордни количини во март. Увозот на Кина од нејзините главни добавувачи, Русија и Саудиска Арабија, надмина два милиони барели дневно.

Во меѓувреме, маргините на рафинериите во Азија ослабеа поради рекордното производство од Кина и Индија, намалувајќи го регионалниот апетит за складирање залихи од Блискиот Исток.

Сепак, аналитичарите и трговците остануваат оптимисти за закрепнувањето на побарувачката за гориво во Кина кон втората половина на 2023 година и потенцијалното намалување на залихите поради дополнителното намалување на производството планирано од Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузничките земји (OEPC+) во мај.

„Планираните намалувања на производството на ОПЕК и силната побарувачка од Кина би можеле да ги поттикнат цените повисоки во наредните денови“, изјави независниот нафтен аналитичар Суганда Сачдева.

ОПЕК денеска поради верски празник во муслиманскиот свет не ја објави цената на барел нафтена кошничка на своите членки. Минатата недела во средата беше 84,11 долари.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе