Волстрит падна на почетокот на новата недела

На Волстрит цените на акциите благо паднаа во понеделникот, продолжувајќи ја негативната серија од минатата недела, бидејќи економскиот раст забавува, а централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Dow Jones загуби 0,04 отсто, на 33.714 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,45 отсто, на 4.328 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,16 отсто, на 13.335 поени.

По значителниот пад минатата недела, берзанските индекси продолжија да се лизгаат и на почетокот на новата.

Растот на американската економија забавува, што ќе ја притисне корпоративната заработка, додека ФЕД сигнализира натамошни зголемувања на каматните стапки оваа година бидејќи инфлацијата се уште е далеку над целните нивоа на централната банка.

И многу други централни банки на западните земји продолжуваат да ја заоструваат монетарната политика. Минатата недела британската, швајцарската и норвешката централна банка ги зголемија каматните стапки, а се очекува во јули ФЕД и Европската централна банка повторно да ја зголемат цената на парите.

Инвеститорите не се склони кон ризик поради растот на геополитичките тензии, по бунтот на платеничката група Вагнер минатиот викенд, што, според аналитичарите, го ослабе рускиот претседател Владимир Путин.

Внимателноста е последица и на неизвесноста во однос на нивоата на берзанските индекси, имајќи предвид дека од почетокот на годината индексот S&P 500 порасна за повеќе од 13 отсто, што не е поткрепено со економските показатели, па дури и од бизнис резултатите на компаниите.

„Последните неколку дена се многу тешки за инвеститорите бидејќи се обидуваат да одлучат дали да бидат офанзивни или дефанзивни. Така, во моментов тие имаат по една нога во секој камп“, рече Керол Шлајф, директорка на БМО.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,11 отсто, на 7.453 поени, а франкфуртски DAX за 0,10 отсто, на 15.813 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,29 отсто, на 7184 поени.

Тагови
реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе