Возачи, внимавајте: Колку се опасни лисјата на патот?

И без дожд, треба да возите повнимателно во текот на есента, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.

Иако за овој период од годината сè уште е многу топло, како воопшто да не доаѓа зима, метеоролозите најавуваат повремена облачност со врнежи од дожд, кои како што ќе тече ноември ќе зачестуваат. Дури и без дожд, треба да возите повнимателно, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.

Лисјата на патот може да бидат лизгави како мраз. Затоа, треба да забавите кога ќе наидете на дел од патот покриен со лисја. Особено опасни се патиштата кои минуваат низ шумски и ридски предели. Тоа што можеби не врнело два-три дена, а асфалтот е сув, не значи дека листовите на патот не се лизгави како мраз. Можеби ја задржалe влагата од неодамнешниот дожд. Може да има акумулирано влага од (утринската) магла или роса.

На прв поглед, првиот слој на лисја може да изгледа дека е сув, или можеби е сув, но одоздола има слој од влажни лисја. Не велиме ни дека сувите листови се идеална подлога за возење... Доколку налетате на голема количина влажни листови во некој свиок, нема да ви помогнат ниту ABS ниту ESP, исто како што не би помогнале ако површината е покриена со мраз.

Помошта што овие системи можат да ја пружат директно зависи од добриот контакт на гумата со подлогата.

Секако, ABS ќе спречи блокирање на тркалата при сопирање и евентуално лизгање - но тоа е сè. ABS нема начин да ги прекрши законите на физиката и да го запре автомобилот на лизгава површина.

ESP, исто така, ќе стори сé што може за да го одржи автомобилот на безбедна патека во кривина - но само ако не возите пребрзо и гумите доволно добро се лепат за асфалтот. И ако има влажни, лизгави лисја помеѓу гумите и асфалтот - како може ESP да си ја заврши работата?

Не може да фрли сидро... Едноставно, ESP, т.е. Електронската контрола на стабилноста (ESP, ESC, VDC, DSC...) не може да помогне ако нема доволно триење помеѓу подлогата и гумите. ESP ќе се обиде неуспешно да ве врати на вистинскиот пат бидејќи возачот ја губи контролата.

Зошто ABS и ESP не можат (многу) да помогнат?

Ајде да објасниме како функционира ESP. Со сопирање на поединечни тркала, тоа влијае на движењето и подвижноста на автомобилот. Ако се појави влечење на задниот дел при вртење налево (пренасочување - задниот крај се префрла надесно), ESP ќе ја активира сопирачката на предното десно тркало за да се обиде да го поправи движењето на автомобилот.

Заклучокот е дека кога сопира само едно тркало, тој го оддалечува автомобилот, па токму тоа го користи ESP - ако автомобилот се префрли на едната страна, ESP ќе почне да сопира едно или две тркала за да се спротивстави, т.е. почнал да го носи на другата страна и така му го поправил патот.

Ако во истата (лева) кривина има пролизгување „преку нос“ (пребрзо влегувате во кривината, го вртите воланот, но автомобилот не слуша туку ја проширува саканата патека, популарно „ја исправа кривината“), ќе се активира сопирачката на внатрешното задно тркало.

Ова е тривијално објаснување - целиот процес е многу покомплициран и се одвива со молскавична брзина, често пред возачот воопшто да забележи дека е на работ да ја изгуби контролата над автомобилот.

Во предвид се земаат бројни параметри, а реакцијата на системот се менува за дел од секундата во зависност од промената на однесувањето на возилото. Понекогаш во зависност од ситуацијата, се „гуши“ и моторот за да се смири возилото, т.е. со цел погонските тркала да ја вратат влечната сила.

И она што е најважно - управувањето со „процесот“ на сопирање се врши со помош на ABS.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе