Вознемирувачки снимки од Минск: Продолжуваат апсења и тортура врз демонстрантите

МИА/КАЈГАНА
/ 14.09.2020 / 17:03

Во Белорусија во текот на вчерашниот ден се одржаа речиси 30 протестни активности, а вкупниот број демонстранти не надминуваше 22.000, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи Олга Чемоданова во изјава за белоруски Телеграм.

Според неа, 774 лица биле приведени поради прекршување на законот за јавни настани, а само во главниот град Минск се уапсени околу 500 луѓе.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, 544 лица ќе останат во притвор до одржување на управната постапка.

Според белоруското Министерство за внатрешни работи, демонстрантите оштетиле три полициски автомобили во градот Новополок, а еден демонстрант нападнал полицајци во градот Могилев.

Во Брест, полицијата мораше да користи водени топови за да ги растера демонстрантите за да се осигури безбедноста во сообраќајот.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија започнаа на 9 август, по претседателските избори, на кои Александар Лукашенко прогласи победа со 80,1 отсто од гласовите.

Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановскаја, која официјално освои 10,12 проценти од гласовите.

Глетките од улиците на Минск се вознемирувачки и бројни медиуми и групи за заштита на човековите и граѓанските права продолжуваат да укажуваат на нехуманиот третман на припадниците на силите за безбедност врз демонстрантите.

*Внимание! Содржината на следните видеа можно е да ве вознемири!

Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе