Вработен во штипскиот затвор позитивен на COVID-19

Вработен во штипскиот затвор позитивен на коронавирусот, но немал контакт со осудениците, бидејќи вечерта, кога последен пат бил на работа, стражарел на една од набљудувачниците. Петмина од неговите колеги кои биле заедно со него на смена се испратени во изолација. Немаат симптоми, па се очекува деновиве да се вратат на работните места.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека веќе трет месец по ред во установата се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни дезинфекциони средства.

-Во нашата установа имаме контролирано влегување, со задолжително мерење на телесната температура, задолжителна дезинфекција на сите вработени и осудени лица, како и секојдневна дезинфекција на сите простории во установата, вели Тодоров.

Во штипскиот регион активни се над 160 случаи, а во последните три дена има и речиси 60 оздравени од коронавирусот. Заразените се од познатите фабрички кластери, но и членови на нивни семејства, позитивни има и во Светниколскиот регион, каде што се евидентирани 24 активни случаи.

Но, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели деновиве се очекуваат и вторите негативни тестови за поголемиот број на лица кои го прележале вирусот, а се следи состојбата и на двајца работници во една конфекција.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе