Вработени во катастарот осомничени дека украле речиси два милиона денари

Тринаесет вработени референти во Агенцијата за катастар на недвижности се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека украле речиси два милиони денари.

Катастарски службеници – референти за шалтерско и архивско работење, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, прибавиле за себе противправна имотна корист. При приемот на пријавите – барањата од странки, наплатата на надоместокот (административната такса) ја вршеле за парични средства во готово при што ги убедувале странките дека им помагаат со тоа што надоместок тие лично ќе го платат преку нивните лични платежни картички.

Осомничените веднаш по направеното плаќање со платежните картички преку постерминалите вршеле сторнирање на направените трансакции, а кон примените пријави – барања од странките го приложувале веќе испечатениот „слип” – потврда за извршено плаќање, како доказ дека административната такса е наплатена и предметот го пуштале во понатамошна процедура. Добиените парични средства во готово ги присвојувале за себе и притоа се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.883.433,00 денари.

Со оглед на тоа што за непречено водење на кривичната постапка е потребно да се обезбеди присуството на осомничените, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности што се поврзани со кривичното дело.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе