ИМА ЧЕТИРИ ХРОНОТИПА – НА КОЈ ПРИПАЃАТЕ ВИЕ?

Времето на будење открива: Дали сте мечка, лав, волк или делфин?

Кога станува збор за навиките на спиење, има дури четири хронотипови и сите тие имаат сосема поинаков ритам.

Според експертот за спиење Мајкл Бреус, ако дознаете кој е вашиот вид на спиење, ќе бидете поенергични и помалку уморни во текот на денот. По анализата на група пациенти, тој успеал да одреди четири хронотипа: „мечки“, „лавови“, „волци“ и „делфини“.

Бреус тврди дека ако се чувствувате уморни и ви е тешко да се разбудите наутро, веројатно не го следите дневниот распоред на вашиот хронотип. Еве како да го организирате денот.

1. Мечки

50-55 проценти од сите луѓе во светот се „мечки“, имаат стабилен распоред на спиење, но обично не се чувствуваат доволно наспани. Во недела навечер остануваат будни до доцна, а потоа во текот на целата недела не можат да влезат во ритам.

Главното правило: „мечките“ не смеат да спијат повеќе од 8 часа - дури и за време на викендите!

Дневен распоред за „мечки“:

Утрото за вас е од 7 до 11 часот

Разбудете се и вежбајте 8-10 минути.

Појадувате и пијте кафе: тоа ќе ви помогне да не се прејадувате навечер, а вишокот калории ќе ви ја даде потребната енергија за целиот ден.

Максимална продуктивност: од 11 до 18 часот.

Во овој период направете ги работите за кои е потребна многу енергија и концентрација. Ќе ги завршите побрзо.

Се уморувате кога се приближува време за ручек, па затоа е подобро тогаш да одите на прошетка. Свежиот воздух и светлина ќе го разбудат вашето тело и ќе помогнат во борбата против поспаноста.

Ручек во 12 часот: ова ќе ви даде енергија до крајот на денот.

До 14 часот, можеби ќе почнете повторно да се чувствувате уморни. Така, тогаш можете да организирате состаноци и пауза за кафе за да си помогнете да го поминете попладнето.

После работа: од 18 до 22 часот

Ова е најдобро време за вежбање. Тешко е да се започне, но само додека фатите ритам. По вежбање, ви треба лесна вечера: повеќе протеини и помалку јаглехидрати.

Крај на денот: од 22 до 23 часот

Мечките можат да останат будни до доцна, но затоа се уморни наутро. Затоа е подобро да ги исклучите мобилните телефони и другите технолошки уреди во 22 часот и да си легнете во 23 часот.

2. Лавови

Од сите луѓе во светот, само 15 проценти се „лавови“. Тие можат да се разбудат дури и пред изгрејсонце и да направат 80 проценти од сите задачи пред повеќето луѓе да се разбудат. Но, „лавовите“ обично не можат да останат енергични во текот на попладневните и вечерните часови. Тие се чувствуваат уморни и може да изгледаат дека им е здодевно додека се дружат со пријателите навечер.

Дневен распоред за „лавовите“:

Утрото за вас е од 5:30 до 10:00 часот

Вашиот појадок треба да содржи повеќе протеини и помалку јаглехидрати. По појадокот и пред сите да се разбудат, можете да размислувате на раат или да работите.

Може да пиете кафе околу 10 часот.

Максимална продуктивност: од 10 до 17 часот

Бидејќи појадувавте пред 3-4 часа, можеби ќе ви треба пауза за да каснете нешто лесно.

Ова е вашиот енергетски врв: извлечете го максимумот од него.

Не закажувајте состаноци навечер, бидејќи ќе бидете уморни.

По ручекот сè уште имате моќ и енергија. Обидете се да завршите што е можно повеќе задачи пред 14 часот. После 15 часот, посветете се на едноставни задачи.

После работа: од 17 до 21 часот

Почнувате да се чувствувате уморни до 17 часот, па обидете се да избегнете работа после ова време. Јадете здрава вечера.

Крај на денот: од 21 до 22:30 часот

Благодарение на здравата храна и вежбањето, имате малку енергија да поминете време со пријателите. Треба да легнете во 22 часот.

3. Волци

Околу 15-20 проценти од луѓето припаѓаат на групата „волци“. Го мразат утрото, тешко стануваат од кревет и го одложуваат алармот колку што може. Обично можат да работат доцна и треба да испијат неколку шолји силно кафе за да се разбудат.

Дневен распоред за „волците“:

Утрото за вас е од 07:30 до 12 часот

Поставете 2 аларми на растојание од 20 минути. Првиот аларм ќе ве разбуди, а вториот ќе ве крене од кревет. Излезете на балкон или на прозорец и напијте се малку вода.

Најдобро е до работа да одите пеш – потребно ви е 20-40 минути пешачење. Ќе ви помогне да ви се разбистри главата.

Во 11 часот, можете да појадувате и да испиете кафе.

Максимална продуктивност: од 12 до 20 часот

Одложете ги сите главни задачи до 13 часот и полека вклучете се во работниот процес. Во 14 часот, во врвот на продуктивноста, завршете ги  најтешките задачи и направете планови.

Во 17 часот, сè уште сте енергични. Одморете се и продолжете да работите. Ова е совршено време за креативни задачи.

После работа: од 20 до 23 часот

После работа (околу 19:00 часот) можете да одите во теретана. Вечерајте во 20 часот.

Крај на денот: од 22 часот до полноќ

Лесно е да останете будни до доцна. Можете да ги исклучите уредите во 23 часот и да си легнете на полноќ.

4. Делфини

Само 10 проценти од сите луѓе во светот се „делфини“. Тоа се невротични лица кои спијат многу немирно. Тие обично страдаат од несоница и ноќите ги поминуваат „чепкајќи“ по интернет.

Дневен распоред за „делфините“:

Утрото за вас е од 6 до 10 часот.

Подобро е денот да го започнете со утринска работа и некои лесни вежби. Туширајте се со ладна вода за да се разбудите целосно.

Појадувајте во 8 наутро: јаглехидратите и протеините треба да бидат во еднакви количини.

Максимална продуктивност: од 10 до 18 часот

Пијте кафе со помалку кофеин и во мали количини. Вашето најенергично време е помеѓу 10 и 12 часот. Ова е најдобро време да ги завршите најтешките задачи.

По ручекот, почнувате да се чувствувате уморни. Значи, треба да направите пауза од 20 минути и да прошетате.

Ќе имате доволно енергија да ги извршите сите ваши задачи до 18 часот.

После работа: од 18 до 22 часот

Јадете лесна ужина (банана, протеински бар или салата) и одете во теретана. Но, не правете вежби за сила, бидејќи тие не придонесуваат за правилен сон.

Вечерајте во 21 часот. Исто така, ова е добро време да разговарате со вашите пријатели или членови на семејството. Ова е исто така добро време за решавање проблеми и конфликти.

Крај на денот: од 22 до полноќ

Одморете во топла бања, оставете ги сите уреди и телефони на страна и прочитајте книга. Легнете си до полноќ. Можеби нема да можете веднаш да заспиете, но обидете се да ги менувате позициите додека не ја пронајдете најсоодветната.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе