Вучиќ ја подигна на највисок степен борбената готовност на војската и на полицијата

Претседателот на Србија и врховен командант на српската војската, Александар Вучиќ, нареди воените сили и сите единици на МВР да бидат во највисок степен на борбена готовност, јави дописникот на МИА од Белград.

-Претседателот на Србија како врховен командант вечерва нареди Војската на Србија да биде ставена на највисоко ниво на борбена готовност, односно подготвеност до ниво на употреба на вооружена сила, изјави министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

Како што наведе тој, „тоа ги издигнува на највисоко ниво на дејствување што го спроведува српската војска, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и ги штити сите граѓани на Србија и спречувајќи прогон и терор врз Србите каде и да живеат“.

И министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека „по наредба на претседателот“ наредил подигнување на целосната борбена готовност на сите единици на МВР.

-Согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на Војската и вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, наредив подигнување на целосна борбена готовност на сите единици на МВР, Жандармеријата, САЈ (Специјални антитерористички единици) и Полициските бригади, веднаш да бидат бидат ставени под команда на началникот на Генералштабот и да ги заземат позициите предвидени со оперативниот план, рече Гашиќ.

Вучиќ претходно најави да се преземат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово. Тој во видео објава на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ изјави дека даваат сè од себе за да ги зачуваат мирот и стабилноста.

-За жал, тие не сакаа да не слушаат или не беа многу заинтересирани да не слушнат. Денеска и на српскиот патријарх г. Порфириј му е забранет влезот на Косово и Метохија. Ова никогаш не се случило во историјата. И не им е грижа. Бесмислени соопштенија, неважно… Но и понатаму ќе продолжат да зборуваат само за српските барикади кои се само знак на незадоволство и борба на српскиот народ да биде свој на своето и ништо повеќе, наведе Вучиќ.

-Според тоа, сакам да ве информирам дека се наоѓаме во тешка ситуација, но дека ќе дадеме сè од себе и дека на секој начин ќе се грижиме како да ги зачуваме мирот и стабилноста и не само тоа, како да го заштитиме нашиот народ на северот од Косово и Метохија. Во согласност со тоа и после вооружувањето на Албанците и после подигннувањето на нивната борбена готовност ќе ги преземам сите мерки да го заштитам нашиот народ и да ја сочувам Србија, порача претседателот на Србија. 

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе