За 19 дена 85 пожари во кумановско

Куманово, 19 октомври 2018 (МИА) - Од 1 октомври до денеска, кумановскатата противпожарна единица интервенирала дури 85 пати на пожари, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово. Командирот на противпожарната единица Дејан Илиевски вели дека најмногу пожари имало на отворен простор.

- Најчесто гори сува трева и стрниште. Можам да кажам дека во текот на изминатите годините не сме имале толку голем број пожари во октомври, изјави Илиевски.

Според нивните податоци, лани во октомври имало вкупно 25 пожари. Од почетокот на овој месец, досега нивните екипи постојано се на терен, некогаш интервенирајќи и по десет пати за едно деноноќие. И покрај големиот број на пожари, успеваат да одговорат на предизивиците.

- Делуваме во поширокиот регион, Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во неколку пожари кои беа предизивикани од палење на сува трева и стрниште беа зафатени и викендици и помошни простории, изјави Илиевски.

Пожар предизивикан од палење стрниште се случил вчера и кај археолошкиот локалитет Градиште во Младо Нагоричане, информираа арехеолозите од кумановскиот Музеј кои почнаа со истражувања на локалитетот.

Информацијата ја потврди и директорот на установата, Богдан Таневски. Археолозите велат дека пожарот избувнал во нивите под локалитетот, но поради правецот и силината на ветрот, брзо се проширил и ги зафатил  двата рида на кои работат археолозите. Тие раскажаа дека пожарот многу брзо се проширил, па морале да се евакуираат пеш по стрмните ридишта, бегајќи накај реката.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе