За 200 професионални војници пријавени 1.800 кандидати, Армијата се подмладува, порачува Шекеринска

На распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1.800 кандидати, тоа покажува, потенцира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, дека Армијата ќе се подмладува и може да се подмладува само ако се вложува во повисоки плати, во подобра опрема, во подобар имиџ и во подобри шанси за сите оние кои работат во Армијата.

Според неа, интересот на младите да пристапат кон Армијата, а што се гледа по тоа што за секое место има по девет кандидати, е резултат и на нашето членство во НАТО, меѓутоа и резултат на зголемените плати и на вратената доверба во Армијата, вратената доверба дека ова е професија што државата ја цени и на соодветен начин ја плаќа.

– Армијата секогаш ја враќала довербата во неа, успевала да одговори на задачи и во најтешки околности, но сега покажавме и дека државата си ги цени своите војници, своите офицери и младите луѓе од сите етнички заеници, и мажи и жени, тоа го покажаа со овој интерес, изјави Шекеринска, која денеска ги посети кандидатите за професионални војници кои во моментов се во фаза на физички проверки на Воениот стадион, во Скопје.

Таа очекува следната година  да се зголеми и интересот за запишување во Воената академија и на тој начин да се подмлади не само војничкиот, туку и офицерскиот состав на Армијата.

– Нашата цел како Влада од почетокот беше да ја помладуваме Армијата и денеска можете да видите како  Армијата се подмладува и како инвестирате во неа, рече министерката за одбрана, Шекеринска.

Потполковник Харалампие Трајков, претседател на Комисијата  за физички проверки информира дека физичката проверка се состои од три дисциплини и тоа склекови, стомачни и трчање на 3200 метри.

Минималните норми што треба да ги исполнат кандидатите се поделени во две старосни групи и тоа од 17 до 21 година и до 22 до 26 години. Минимум за мажи се потребни 40 – 42 склека, за жени 17 до 19 склекови согласно старосните групи. Стомачните вежби, информира Трајковси и за мажи и за жени се исти 53 со 50. За трчањето, кај мажите е потребно 15, 42 и 16, 24, додека за жени 18,52 и 19, 34.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потсети дека на конкурсот во 2017 и 2018 година за 125 места за професионални војници имало околу 200 кандидати. Од тие кандидати, како што рече Шекеринска, беше тешко да се најдат луѓето што ги исполнуваат сите услови.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање – 60 години за жени, 62 за мажи

Read more
 

Вести

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе
  • play_arrow

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање – 60 години за жени, 62 за мажи

Читај повеќе

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Читај повеќе

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Читај повеќе

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Читај повеќе

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Читај повеќе