За една недела на угостители изречени 18 прекршочни пријави

Во периодот од 23 до 29 ноември годинава седумте инспекциски служби извршиле 4.080 контроли. Во овој период, Државниот пазарен инспекторат изврши 2.635 контроли и 462 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа поднесени се 18 прекршочни пријави, 31 прекршочен платен налог и 54 решенија. 

Од овие 54 решенија, две решенија се донесени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и се однесуваат на два угостителски објекти од Гостивар, кои не го почитувале протоколот во делот на ограничен број на гости на маса поради што изречена им е забрана за работа и соодветна глоба за правното лице и за одговорното лице во правното лице. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Во истиот овој период, ДЗСИ изврши 80 надзори, а издадени се 12.218 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на COVID-19 и лица кои биле во контакт со заболени, а дополнително издадени се и девет решенија за констатирани неправилности.  

Од Инспецикциот совет информираат дека Државниот инспекторат за транспорт во изминатите седум дена изврши 43 надзори, при што изречени се осум прекршочни пријави, седум решенија и еден платен налог за прекршување на материјалните закони. Од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести не се констатирани прекршувања на Законот и на протоколите за превоз на патници.  

Агенцијата за лекови и медицински помагала во истиот период изврши 28 надзори во аптеки по основ на почитување на мерките и издавањето на антибиотици, при што изречено е едно решение согласно Законот за лекови и медицински средства.  

Државниот инспекторат за труд, пак, спроведе 501 надзор во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на работниците. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се 26 решенија, согласно материјалните закони, а дополнително изречени се и шест платни налози заради неносење на заштитна маска за лица во работниот простор во Ресен и во Битола. 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 23 до 29 ноември спроведе 331 надзор. Притоа издадени се пет решенија, еден платен налог и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.  

Инспекторатот за животна средина и природа во истиот период изврши 53 инспекциски надзори, од кои 10 надзори во правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи, 38 во правни субјекти кои поседуваат елаборати за животна средина и четири инспекциски надзори на нестандардни комунални депонии. Притоа издадени се 16 решенија со корективни мерки за правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи и за правни субјекти кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина. Во текот на викендот овој Инспекторат во Тетово, Куманово и во Кавадарци, во коишто градови беше надминат прагот на алармирање за загадување на воздухот, изврши 17 вонредни надзори. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе