За колку време се загрева кабината на електричните автомобили?

За разлика од моторот со внатрешно согорување, каде топлината е нуспроизвод на работата на моторот, кај електричните возила топлината доаѓа од електричен грејач.

Колку време е потребно за загревање на кабината? Понекогаш се чини дека тоа трае вечно.

Германскиот автомобилски клуб ADAC паркираше неколку електрични автомобили во ладна соба на -10 Целзиусови степени и потоа го вклучи греењето во нив.

На тестот не се прославија Fiat 500e, Renault Zoe, Tesla Model Y и VW e-Up. Кај споменатите модели беа потребни повеќе од 30 минути додека температурата на предните седишта не достигна ни 20 степени.

Победник е BMW iX кој по 20 минути достигна висока температура во кабината, а на второ и трето место се VW ID.3 и Hyundai Kona со нешто повеќе од 20 минути.

Инаку, некои возила не успеаја да го загреат задниот дел од кабината и по 30 минути континуирано загревање.

Разлики има и во топлинската изолација: кај некои возила температурата паѓа многу побавно отколку кај други. Ова е важно за кратки застанувања, бидејќи е потребна помалку енергија за повторно загревање, што значи дека автономијата трае подолго.

На тестот, BMW и VW се покажаа како најдобри во овој поглед - со внатрешна температура од 16 и 15 степени по пет минути и 10 и 9 степени по половина час пауза. Другите автомобили од тестот се ладат побрзо и повеќе.

Исто така, беше откриено дека на сите тестирани автомобили им е потребна моќност од околу 1,5 до 2 kW за да се одржи внатрешноста на константни 20 степени кога надворешната температура беше минус 10 степени.

Така, во екстремни случаи, ако треба да издржите 10-часовен сообраќаен метеж, ќе ви требаат 15 до 20 kWh енергија од батеријата за да ја одржувате кабината топла цело време.

Но, возачот може да ја контролира и потребата за енергија: покрај грејачот на воздухот, греалките на седиштата и воланот, кои трошат помалку енергија, го загреваат и автомобилот.

Некои возила нудат режим „само за возач“, во кој одделот за возачот се загрева посебно. Еко режимот исто така заштедува топлина, но и кога е потрошувачката во прашање.

Секој е-автомобил стандардно има помошен грејач и може претходно да се загрее, на пр. преку апликацијата.

Ако возилото е поврзано со полначот, енергијата за предзагревање се зема и од електричната мрежа наместо од батеријата и затоа не влијае на опсегот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе