За многумина омилениот новогодишен филм за малку немало да биде снимен

„Home Alone“ е еден од апсолутните новогодишно-божикни класици, а многу луѓе не знаат дека филмот речиси и да не се снимел затоа што студиото Warner Bros се откажало од проектот.

Филмот од 1990 година повторно е актуелен (како и секоја година овој период) и се гледа одново и одново низ светот за време на Божик и Нова година. Овој филм е синоним за новогодишните празници.

Затоа, тешко е да се замисли дека филмот бил многу блиску до тоа да не се сними и дека бил речиси укинат уште во претпродукција. Филмот го следи Кевин (Маколи Калкин) кој случајно е оставен дома додека неговото семејство оди на божикен одмор.

Како што се вели во документарниот филм „The Movies That Made Us: Home Alone“, кога сценаристот Џон Хјуз го однел својот проект во продукциската канцеларија на Warner Bros, тие рекле дека можат да го снимат филмот за 10 милиони долари и очекуваат достоен повраток од половина вложени средства.

Меѓутоа, како што се натрупувале трошоците за филмот, се испоставило дека за снимањето ќе бидат потребни 14 милиони долари, а откако го дознале тоа, Warner Bros решиле да го прекинат проектот.

Во налетот на емоции, на актерите и екипата истото утро им било кажано дека продукцијата е затворена и дека се без работа. За среќа, подоцна им било кажано дека 20th Century Fox го зеле филмот и сакале да го одработат снимањето до крај.

Тимот потоа се дал на работа за да ја најде вистинската локација за секоја сцена, работејќи „деноноќно“ за да најде иконска куќа „која претставува специфичен вид на американски живот од високата средна класа“, според Хјуз.

Меколи Калкин очигледно однапред бил избран за улогата на Кевин, во улога што ќе го прослави. Бил избран откако директорите на кастингот ја виделе неговата изведба заедно со Џон Кенди во „Uncle Buck“ и сфатиле дека е правиот за улогата.

Remote video URL

Филмот заврши со заработка од 285 милиони долари на кино благајните, а со текот на годините што следеа, го зацврсти своето место како еден од најголемите новогодишно-божикни филмови на сите времиња.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе