За преведувачките работи: Како да ни е страв да го употребуваме живиот, топол, разговорен јазик

Без разлика за какво книжевно дело се работи, целта на преводот е да му дозволи на оригиналот да излезе на површина во другиот јазик, односно со сета своја специфичност да прозвучи како што звучи на оригиналниот јазик. Теоретски, тоа не би требало да е тешка задача: преведувачот треба само внимателно да го следи оригиналот, сосредоточено да го чита, да внимава на лексиката, синтаксата и семантиката и ќе успее да создаде добар превод. Tоа е така, но само теоретски.

Праксата, за жал, покажува сосема поинаква состојба, особено кај преводите на драмските текстови. Кога се работи за драмски текстови, проблемите на преведувањето добиваат нова димензија на комплексност. Се добива впечаток дека на преведувачот, едноставно, му е тешко да го најде вистинскиот регистар, па така на пример, на сцената често среќаваме другари средношколци кои звучат како да цитираат критички осврти од Тартуско-московската семиотичка школа, соседи кои си се обраќаат како да се на аудиенција, а „впрочем“, „бездруго“ и „по ѓаволите“ рафално ни летаат покрај главите, просто не знаеш кога ќе загинеш. Постои, се разбира – и друга крајност: воведување на сленговски изрази, дијалекти (најчесто скопскиот) и додавање разни стилистички нијанси на оригинално неутрални текстови. Понекогаш среќаваме користење на долги и сложени реченици (хипотакса) наспроти кратките и прости (паратаксата) на оригиналот.

Јазичниот регистар го подразбира нивото на формалност на јазикот, а е определен од контекстот. Можеби оваа тешкотија да се најде вистинскиот регистар при преведувањето на драмски текстови се должи на тоа што драмскиот текст, иако е наменет за изговор, сепак е пишан текст (a пишаниот и говорниот јазик најчесто се разликуваат.) Наспроти текстовите кои се напишани на стандарден јазик, огромен број драмски текстови – особено современи – се пишуваат (барем делумно) на разговорен јазик, со автентичен, рестриктивен код каков што и самите користиме во секојдневната комуникација, а со цел текстот да звучи колку што е можно поприродно кога ќе се постави на сцена.

Нам преведувачите, како да ни е страв во преводите да го употребуваме живиот, топол, разговорен јазик кој во секојдневието го употребуваме, иако авторот го бара токму тоа од нас. Ние како преведувачи немаме никакво право да вршиме „изедначување“ на евентуалните различни регистри на оригиналот, „ублажување“ на вулгарности онаму каде што авторот намерно бил вулгарен, бришење на стилските нијанси од страв да не некој случајно се посомнева во нашето благородничко потекло ако преводот не звучи доволно литературно, или пак доволно „урбано“. Се покажува дека да се следи оригиналот, со сите негови лексички, синтаксички и семантички обележја, сепак, не е толку лесна задача.

Авторката на текстот е Лидија Митоска-Ѓоргиевска, дипломиран преведувач и драматург.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе