За вакцина се пријавиле 38.000 лица над 70-годишна возраст

Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) – Од 85.179 лица  кои досега се заинтересирани да примат вакцина, 38.000 се над 70-годишна возраст, објави Министерството за здравство.

Вакцинацијата во земјава почна вчера со имунизација на 202 здравствени работници.

Министеството за здравство укажува дека сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи.

-Со нив, секој ден сме чекор поблиску до крајот на пандемијата предизвикана од COVID-19, објави МЗ на официјалната Facebook страница.

Филипче на средба со пензионерите – Од голема важност да се вакцинираат против коронавирусот бидејќи се во најризичната група

На барање на пензионерите од Скопје, денеска министерот за здравство Венко Филипче оствари средба во Сојузот на здруженија на пензионери.

– На средбата зборувавме за прашања од сферата на здравствена заштита на пензионерите, за грижата која ја искажуваме кон нив со укинување на квотите за лековите, бесплатна вакцинација против сезонски грип за нив, бесплатно болничко лекување за пензионери со ниска пензија,објави на својот Facebook профил.

Тој додаде дека на средбата станало збор и за ковид вакцинацијата која започна во нашата земја.

-Апелирав дека од голема важност е пензионерите да се вакцинираат, против коронавирусот бидејќи се во најризичната група и најголем дел од нив се со хронични заболувања, пишува министерот Филипче.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Read more

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе