Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс избегнаа срам и намалија на 3-1 во плејоф серијата од првото коло од Западната конференција на НБА лигата против Денвер Нагетс со победа од 119:108.
Најзаслужен за избегнување на „метлата“ беше одличниот Леброн Џејмс, кој постигна 30 поени, а одлична помош имаше во формата на Ентони Дејвис, кој забележа 23 скока заедно со 25 поени.
Во редовите на Денвер нова маестрална партија пружи Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 33 поени, 14 скока и 14 асистенции, но и тоа не беше доволно за триумф.
Синоќа се одиграа уште три натпревари од плеј-офот во НБА лигата. Оклахома Сити стигна до прагот на вториот клуб бидејќи поведе со 3-0 со победата од 106:85 во Њу Орлеанс.
Бостон поведе со 2-1 благодарение на победата од 104:84 во Мајами, додека Орландо израмни на 2-2 против Кливленд со 112:89 на домашен терен.