Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Лигата на шампионите ќе ја освои Реал или Борусија, во Англија гледаме голема битка помеѓу Сити и Арсенал, Жирона е вистински хит во Ла лига, Болоња жари и пали во Калчото, но оваа сезона ќе остане запаметена најмногу по резултатите на еден тим - Баер од Леверкузен.

Баер синоќа го собори рекордот по број на натпревари без пораз во сите натпреварувања, а со синоќешното реми 2:2 против Рома нивната чудесна серија изнесува 49 натпревари.

Јосип Станишиќ погоди во 7. минута од судиското надополнување во вториот дел за 2:2, а тоа беше 11-ти натпревар сезонава во кој Баер избегна пораз по 90-тата минута од натпреварите.

Пред синоќешниот натпревар, на истекот на 90-тата минута, Баер три пати губеше од Карабаг, двапати од Штутгарт и по еднаш од Баерн, Аугсбург, Лајпциг, Хофенхајм и Дортмунд и секој пат избегнуваше пораз на крајот од натпреварот.

URL

А, дека се специјалисти за голови во последните минути говори податокот дека постигнаа голови по 90-та минута на уште четири натпревари (Отенсен, Зандхаузен, Вест Хем и Вердер) во кои беа во предност.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)

До крајот на сезоната на Баер му претстојат уште 4 натпревари - два во првенството против Бохум и Аугсбург, финалето во Лига Европа против Аталанта и финалето од ДФБ купот против Кајзерслаутерн.

Веќе ја освоија Бундеслигата, а со оглед на тоа дека се фаворити против Аталанта и Кајзерслаутерн, многу е веројатно дека оваа сезона ќе освојат тројна круна и со тоа ќе ја заокружат најдобрата сезона во клупската историја.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Фудбал

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Read more

Анчелоти пишманџија

Read more

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Read more

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Read more
 

Спорт

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Читај повеќе

Анчелоти пишманџија

Читај повеќе

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Читај повеќе

Ламин Јамал има само 17 години, а веќе постигна многу во кариерата

Читај повеќе

Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Читај повеќе