Заев: Ако нема договор, избори ќе има согласно законот

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека има простор за разговори со опозицијата за датум за предвремени парламентарни избори сѐ до завршувањето на вонредната состојба во следните седум до десет дена, но доколку не се изнајде решение потоа ќе мора да се почитуваат уставните одредби и законските рокови и да се оди на избори, на коишто тој е убеден дека ќе победи.

– Сакаме да бидеме флексибилни. Сакаме да учествува опозицијата. Номиниравме дека не сме врзани за 21 јуни, сакаме во овој период на првиот бран на паѓање на кризата да излеземе на избори. Сакаме дијалог, сакаме договор, но ако нема договор не можеме со сила ние да натераме и другите страни да постигнат договор односно да одат на избори. На крајот сите поднеле листи и се кандидати на изборите и изборите треба да се одржат не заради тоа што ние од СДСМ сме седнале и мислиме дека треба да има избори, туку заради тоа што законот тоа го пропишува, Уредбата со законска сила и Изборниот закон, рече Заев на прес-конференција пред партиското седиште.

Според Заев, бојкот на изборите не може да има бидејќи кандидатските листи веќе се прифатени, а е извршено и жребувањето. Прашање е дали некој ќе бојкотира кампања, рече Заев, потенцирајќи дека СДСМ не сакаат никој да ја бојкотира кампањата.

Според него, на вчерашната лидерската средба за терминот 21 јуни тие добиле поддршка од ДУИ, од ДПА и од БЕСА. Алијансата на Албанците и Алтернатива предложиле избори на 26 јули, додека ВМРО-ДПМНЕ на 23 август, 30 август или 6 септември, но поради продолжениот викенд, бил предложен 13 септември.

Лидерот на СДСМ го повтори ставот дека не е добро да има избори на крајот на август или почетокот од септември поради можноста за следен пик од коронавирусот.  Посочи на извештаите на Комисијата за заразни болести и на СЗО, како и на изборите кои ќе се одржат во соседните земји како Србија, а потоа и Хрватска.

– Имаме плус аргументи зошто треба да одиме на брзи избори, рече Заев кој повтори дека не би сакал со одлагање на изборите за август или септември, па дури и декември, земјата да се доведе во ситуација на нова политичка криза.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да ги одолговлекуваат изборите бидејќи се плашат од изборен пораз.

– Изборите тие ќе ги изгубат не поради Заев, туку поради сопствената политика и неквалитетни кадри, рече лидерот на СДСМ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе