Заев: Атанасов поднесе оставка зашто не стана министер за образование

Скопје, 25 јуни 2019 (МИА) – Петар Атанасов поднесе оставка од функцијата зашто не стана министер, а тоа што го напиша се негови лични ставови, рече премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Сител прашан за повлекувањето кое заменик-министерот за образование и наука вчера го соопшти преку својот Facebook профил.

„Тоа е мој пријател и беше заменик-министер во еден сериозен период. Жалам што господинот Петар Атанасов вака го објави тоа, со ваква употреба на зборови. Тоа е негово право и одговорност. Ред е и јас да кажам дека тој тоа го направи зашто не стана министер за образование. Го бараше тоа неколкукратно од мене, јас одлучив дека не треба да стане министер за образование. Во саботата ја донесов конечната одлука, му ја соопштив на Атанасов. Секој не може да биде министер, некогаш и околностите не се такви. Демократска партија сме, луѓето се слободни во своите намери и тој одлучи на ваков начин да го изрази своето незадоволство“, рече Заев.

Во однос на ставовите на Атанасов за неспроведување на реформите, премиерот одговори дека тие продолжуваат согласно со програмата, дека сериозно му се посветуваат на образованието како на „жив процес и жива материја“ и дека низ дебата ќе изградат вистински образовен систем. Досега е донесен, рече, само Законот за високо образование, нацрт-законот за основно е во процедура и ставен на ЕНЕР за сугестии, ќе следува нов закон  средно и развивање на концептот за дуално образование.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе