Заев: Ги слушнав заканите, мерките на претпазливост се преземени

Скопје, 11 декември 2019 (МИА) – Моите деца и моето семејство ми се светост како што му се светост на секој граѓанин веројатно децата и семејството и нема да дозволам влакно да им фали на главата како што нема да дозволам да фали влакно на главата на кој било граѓанин. Должен сум прво како родител, потоа како претседател на Владата да ги преземам сите мерки на претпазливост, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

– Ги слушнав заканите. Секако не верувам дека нешто ќе се реализира. Лично не верувам во организација на такви закани. Веројатно може да се случат такви закани под дејство на алкохол, под дејство на не знам какви не мотивации во каков било амбиент. Немам време многу да размислувам околу нив, но гледам мојата мајка, мојата сопруга моите деца размислуваат. Нормално мерките на претпазливост се преземени, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешната презенатација на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји со изградба на гасовод меѓу Струмица и Петрич.

Тој потенцира дега нему му е многу важна вистината и додаде дека судскиот процес треба да заврши со разрешница, да ги утврди сите вистини и да ја испорача казната за секој што се огрешил и го прекршил законот зашто, како што кажа, будното око на јавноста е сериозно насочено во случајот и очекува негова разрешница.

– Самиот судски процес треба да заврши со разрешница, да ги утврди сите вистини и да ја испорача казната за секој што се огрешил и го прекршил законот. Вистината излегува вака или онака. Најголемата вистина граѓаните ја очекуваат токму преку судскиот процес, да се знае точно што се случува, доказите што покажуваат и судот да донесе пресуда заради тоа што ова е еден од случаевите во коишто јасно се нотира решителноста на извршната власт да се врати правната држава, посочи Заев.

Ова, додаде, е сериозен случај што може да нанесе политички штети врз одредени политички субјекти и врз извршната власт.

– Но, извршната власт е таа која што обезбеди независност и целосна растовареност на правосудството. Обвинителство и судство да истражуваат и да собираат докази и да судат. Тоа е сериозна порака и до ЕУ дека работите во Република Северна Македонија се променети. Законот важи еднакво за сите без разлика дали тоа е обвинител, дали е газда на медиум, дали е некој бизнисмен или слично и така мора да остане. Тоа е само почеток. Јас верувам дека во иднина ќе има сериозни конкретни случаи преку кои правосудството ќе ја враќа својата доверба пред граѓаните, потенцира Заев.

На YouTube денеска беа објавени девет нови „бомби“ во кои се слуша како лице се заканува по животот на децата на премиерот Заев. Заканите доаѓаат од лице за кое се претпоставува дека е бизнисменот Орце Камчев.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе